Сузана Николовска (видео – имплантација на мултифокални леќи)

Сузана Николовска (54 години) вгради мултиофкални леќи за да се ослободи од диоптријата за блиску и далеку. Дојде во нашата клиника по препорака од нејзина пријателка и по прегледот кај д-р Илир Османи , веднаш се одлучи за интервенција.

Со мултифокалните леќи се добива вид на сите растојанија – блиску, средина и далеку така што повеќе нема да ви бидат потребни два пара очила.

„Се одлучив за мултифокални леќи поради неколку причини и сега сум презадоволна. Обожавам да возам точак и многу ми е тешко да возам со очила; ако носам контактни леќи морав да ставам очила за да читам. Значи цело време се што работев ми зависеше од едни очила, други очила или од контактни леќи. Сакам и природа и кога шетам, не гледам убаво со очилата. Боите не ги гледав какви што се, како што ги гледам сега, по интевренцијата. Јасно, природно, живи бои, контрасти, со сите убавини што може да се видат. “ дополнува Сузана.