Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

Пукнат капилар во око: Колку е опасно?

Субконјуктивално крварење или пукнат капилар во окото е најчесто безопасна ситуација која што поминува по неколку недели.

Црвените дамки во окото се појавуваат кога капиларот ќе пукне веднаш под мукозната мембрана на окото, односно под конјунктивата. Мукозната мембрана не може брзо да апсорбира крв, па останува „заробена“, настанува запушување на крвниот сад и се појавува црвена дамка во окото.

Пукањето на капиларите во окото е безболен настан и не може да се почувствува. Тоа е видливо само кога ќе се погледнете во огледало.

Причини

Причината за пукање на капиларите во окото не секогаш е позната, но може да се појават како резултат на:

  • ненадејни промени во крвниот притисок;
  • кивање;
  • кашлање;
  • плачење;
  • триење на окото;
  • физички напор;
  • доживеан стрес;
  • инфекции на очите (конјунктивитис).

Луѓето кои страдаат од одредени заболувања имаат поголема веројатност да им се појави пукнат капилар. Овие болести се:

  • дијабетес;
  • хипертензија или висок крвен притисок;
  • нарушувања кои резултираат со згрутчување на крвта;
  • користење на лекови кои ја разредуваат крвта;
  • глауком.

Симптоми

Пукањето на капиларите во окото најчесто не се чувствува и овој феномен не боли, сепак симптомите што се појавуваат се:

  • крвава модринка во окото;
  • благо чешање или раздразливост на окото.

Кога треба да се јавите на доктор?

Компликациите по пукање на капулар во окото се ретки, меѓутоа треба да се јавите на доктор во следните случаи:

  • очите ве болат и печат;
  • развиена е инфекција на очите;
  • имате силна главоболка и повраќање;
  • крварењето се јавува и во устата или во форма на модринки низ целото тело;
  • модринка од окото опстојува повеќе од еден месец;
  • често ви се појавува оваа состојба.

Пукање на капилари кај бебиња и деца

Кога бебињата и малите деца имаат пукнати капилари во очите, ова може да ги загрижи родителите. Нема зошто да се грижите, модринките во окото брзо минуваат. Кај нив капиларите може да пукнат како резултат на:

  • гласно плачење и напрегање;
  • појава на инфекција во окото;
  • повреда при играње со одреден предмет;
  • премногу силни контракции за време на породувањето кај мајката;
  • напрегање при тврда/нередовна столица;
  • силно тресење/нишање на детето.

Третман

Во нормални случаи, не е потребен третман и спонтано поминува. Крвта ќе се апсорбира во рок од неколку недели, во зависност од големината на модринката.

Сепак, постојат неколку начини на кои можете да го ублажите чешањето или непријатноста ако се појават, а тоа се:

  • употреба на вештачки солзи или капки за очи за да се намали иритацијата;
  • ако постои инфекција, вашиот доктор ќе ви препише антибиотски капки или маст за очи.

Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат потреба од консултација, совет, терапија или имаат итна состојба;
  •  Работно време секој ден од 08:00 до 20:00 часот;
  • Достапен за телефонска консултација, SMS, Viber и WhatsApp.