Консултација со наш доктор од комфорот на вашиот дом

Што имаат заедничко дехидратацијата и здравствените работници во време на КОВИД-19?

Голем број на здравствени работници, за време на оваа пандемија и по враќањето на нормалниот тек на работа, истакнуваат симптоми на дехидрираност. Според истражувањата, заклучно со 23 јули 2020 година, 65% од над 3.200 здравствени работници кои се вратиле во активна пракса, тврдат дека од 65 симптоми на вирусот, дехидратацијата е на врвот на списокот како најпријавен симптом. Пациентите доживуваат несвестици во ординациите, кои доведуваат до потешкотии до решавање на нивниот тековен здравствен проблем.

Вода – основната човечка потреба

Човечкото тело е неверојатна машина, но како и секое рафинирано парче опрема има физички параметри и граници кои едноставно треба да се почитуваат. Водата сочинува 60% од човечкото тело. Секој орган во организмот содржи голема количина на вода: 73% од мозочното и срцевото ткиво, 83% од белите дробови и 64% од човечката кожа. На човечкото тело му треба вода за да функционира правилно.

Дехидрираноста се јавува кога човечкото тело губи повеќе течност отколку што внесува, создавајќи минерална нерамнотежа, што влијае пак на начинот на функционирање на телото. Просечниот маж треба да консумира околу 3 литри вода на ден, додека просечната жена околу 2 литри на ден.  Постојат голем број причини за дехидрираност, но прекумерно потење и недоволно внесување на течности се едни од најглавните. Дехидрираноста, најчесто настанува од прекумерна топлина.

Навидум, можеби ова не изгледа како голем проблем. Кај здравото тело, помалку е веројатно дека за краток период на дехидрираност ќе има влијание на долг рок, но кај хроничните или продолжените епизоди на дехидратација е поинаку. Може да влијае на мозокот, бубрезите, циркулацијата, дишењето и крвниот притисок, па затоа, претставува основа за широк спектар на сериозни физички состојби.

Што влијае за дехидрираност на здравствените работници?

Во овој период, здравствените работници носат целокупна заштитна опрема од повеќе слоеви за разлика од претходно, како заштитен визир, респираторна маска и операциона маска. Некои од нив, ваквата опрема ја отстрануваат само на пауза, некои пак, воопшто не ја ни острануваат во текот на целата работна смена поради зголемен обем на работа. Заради тоа, губат течности повеќе, а тоа бара нивен поголем внес.

Дополнителни ризик фактори

Дополнително, голема улога во зголемување на дехидрираноста на здравстените работници има и механичката регулација на температурите преку климите и топлотните уреди. Секој ваков уред предизвикува намалување на нивото на влажност во просторијата во која престојуваме.

Регулирањето на температурата е исто така критична компонента. Во канцелариите, најчести проблеми настануваат помеѓу различноста на вработените во однос на нивната потреба за ладно или топло. Додека, некаде некои системи за климатизација едноставно не се доволно стабилни за да обезбедат соодветна контрола на температурата. Работата во топло опкружување може да биде опасна за работниците. Човечкото тело е изградено за да ги регулира температурните предизвици, но може да биде исфорсирано со прекумерно потење и недоволна хидратација. Додека, вентилаторите можат да ја подобрат циркулацијата на воздухот, но постојаното движење на воздухот доведува до испарување, што исто така може да придонесе за дехидрирање.

Голема улога играат и надворешните фактори. Климите со ниско ниво на влажност на воздухот го зголемуваат ризикот од дехидратација. Честичките од прашина во воздухот, ветровитите клими и проблемите со квалитетот на воздухот влијаат на респираторната функција. Поленот и мувлата може да создадат назална конгестија, бидејќи се намалува дишењето преку нос, а се зголемува преку уста. Исто така, влијае и емотивната состојба на човекот. Протокот на плунка се намалува, кога стресот и анкциозноста се зголемуваат.

Како здравствените работници да ја спречат дехидратацијата?

Кога некој почнува да се чувствува жеден, телото веќе доживува симптоми на блага до умерена дехидратација. Колку подолго телото е дехидрирано, толку е поголем потенцијалот за несакани ефекти на здравјето на краток и долг рок. Најчесто, се препорачува да се пие 8 чаши вода на ден. Една чаша половина час пред оброк за подобра дигестија. Додека, по оброкот добро е да помине еден час и да се напиете вода, за телото да ги апсорбира нутриентите. Хиперхидратација може да се појави и ако некој пие премногу течности, но тоа изгледа неверојатно во денешното време.

Редовната хидратација е клучен чекор. Иако можеби е тешко, сепак е важно здраствените работници да пијат доволно течности пред и после работа, како и за време на паузите. Многумина посегнуваат кон течности кои тврдат дека ја подобруваат хидратацијата. Бидете свесни дека многу производи имаат многу ниска pH вредност, а високо ниво на титрациска киселост, кои се фактори кои го зголемуваат ризикот за кариес и ерозија на забите.

Енергетски и спортски пијалоци се други популарни опции кои имаат скриени последици. Многумина имаат високо ниво на кофеин, разни шеќери и голема содржина на натриум, што може да има негативно влијание врз бубрезите. Некои препорачуваат вода со овошје или со парче лимон, но дури и малото количество на сок ја намалува pH вредноста.

Хранливиот внес е исто така важен. Особено за време на работата во болницата, се препорачуваат полесни оброци. Свежото овошје и зеленчук и млечните производи, како што е јогуртот, имаат високо ниво на влажност и можат да придонесат за целокупното секојдневно внесување на течности. Замрзнати парчиња овошје исто така, нудат добра хранлива вредност. Преработената и брзата храна обично содржи големи количини на сол. Солта е конзерванс, го продолжува рокот на траење на храната и се користи како засилувач на вкус, но прекумерното внесување придонесува за дехидратација. Затоа, наместо да посегнете по традиционална закуска, како што е чипсот од компири, побарајте производи кои се без натриум или немаат додаден натриум. На почетокот може да биде тешко, но практкување на диета со помалку натриум ќе ви помогне во борбата против дехидратацијата и со тек на време станува очигледно колку натриум е присутен во храна за која е потребна мала подготовка.


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите..
1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат потреба од консултација, совет, терапија или имаат итна состојба;
  •  Работно време секој ден од 08:00 до 20:00 часот;
  • Достапен за телефонска консултација, SMS, Viber и WhatsApp.*
  • *Услугата Viber/WhatsApp повеќе не е достапна.