Старосна диоптрија

Откако ќе влеземе во четириесеттата година од животот полека настануваат промени во видот. Ако дотогаш сте гледале добро или се далековиди, наеднаш почнува да ви слабее видот на близина, т.е. „рацете ви стануваат кратки“. Последователно, почнува да слабее и видот на далечина. Повеќето од вас мора да носите очила за да читате, за да работите на компјутер, како и да носите очила додека гледате ТВ, додека возите автомобил, додека сте на кино и сл. Посебни проблеми настануваат ако се занимавате со спорт, ако сте на плажа и ако скијате во зима.

Може да се ослободите од т.н. старечка диоптрија, односно од носењето очила со помош на операција за вградување мултифокални интраокуларни леќи или интраокуларни леќи со проширен распон на видот. Операцијата е брза, сигурна, ефективна и безболна, така што по 3-5 дена може да продолжите со вашите секојдневни активности.

Индивидуално пристапуваме со секој пациент, со цел да може да ја избереме соодветната интраокуларна леќа, имајќи ги предвид потребите и карактеристиките на животниот стил на секој поединец (работење на компјутер, читање, возење автомобил).

Старосна диоптрија (пресбиопија)

Пресбиопија или старечка далековидост е дел од природниот процес на стареење на окото. Најчесто почнува да се јавува кај лица во раните четириесетти години. Се јавува поради намалување на функцијата на очните мускули што ја „виткаат“ природната леќа (леќата има облик на диск кога гледаме на далечина, а личи на кугла кога гледаме на близина). Исто така, со текот на годините се случуваат и промени во структурата на леќата и таа ја губи еластичноста што ја имала во младоста.

Процесот на слабеење на акомодацијата (можноста да се избиструва сликата на близина) завршува приближно во шеесеттите години и тогаш на лицата што гледаат добро на далечина им треба диоптрија +3,00 за читање.

Постојат повеќе можности за корекција на старечката далековидост. Едната можност е носење очила или контактни леќи. Денес, сè поголем е бројот на пациентите што се одлучуваат на оперативна корекција на старечка далековидост. Станува збор за оперативен процес при кој природната леќа од окото се заменува со вештачка леќа што овозможува одличен вид на различни далечини. Ослободувањето од очилата за гледање значително го подобрува квалитетот на животот.

Симптоми

Главни симптоми на пресбиопијата се тешко фокусирање и заматен вид на близина, кои најчесто ќе ги забележите додека читате – зборовите стануваат нејасни и премали. Ако подолго гледате на близина, доаѓа до напрегање и замор на вашите очи, кои често се проследени со солзење, а понекогаш и со главоболки. Овие промени почесто се изразени во услови на слабо осветлување.


Како се коригира старечката далековидост?

Старечката далековидност се коригира со вградување мултифокални интраокуларни леќи со проширен распон на видот. Изборот на оптимални леќи зависи од здравјето на очите и од вашите видни потреби.

Мултифокални интраокуларни леќи

Со напредокот на технологијата се развија и мултифокалните интраокуларни леќи што имаат 2 или 3 фокуси, па на пациентот му овозможуваат добар вид на различни далечини без очила. Повеќето мултифокални леќи се бифокални. Овозможуваат добар вид на далечина и добар вид на близина, но малку послаб вид на средна оддалеченост (80-100 cm).

Најновата генерација мултифокални леќи се трифокалните леќи, кои освен што овозможуваат добар вид на близина и на далечина, овозможуваат и добар вид на средна оддалеченост, што е многу значајно за пациенти што долго време работат на компјутер.

Леќи „Symfony“ со проширен распон на видот

Станува збор за првата интраокуларна леќа во светот што има т.н. проширен распон на видот и која овозможува добар вид без очила за близина, за средна оддалеченост (компјутер) и за далечина. Нејзиниот специјален дизајн овозможува нов начин на прекршување на светлината што го продолжува фокусот на окото и резултира со проширен распон на видот на сите далечини и подобра контрастна осветленост за разлика од досегашните леќи. Најголемата предност на леќите „Symfony“ во однос на мултифокалните леќи е во тоа што има значително помали видни опструкции, како што е разлевањето на светлата при ноќно возење.

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00

Ехографија/биометрија

1.200,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.
1.900,00

Yag ласер капсулотомија

Третман на секундарна катаракта. Цената се однесува на едно око.
5.000,00

Имплантација на монофокална леќа (MA)

Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.
48.500,00

Имплантација на монофокална леќа (SA)

Mонофокална едноделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.
55.900,00

Имплантација на монофокална леќа (SN)

Moнофокална асферична жолта интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.
67.500,00

Имплантација на монофокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.
92.500,00

Имплантација на мултифокална леќа

Интраокуларна леќа за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.
110.700,00

Имплантација на мултифокална торична леќа

Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.
123.000,00

Цените се изразени во денари.