Консултација со наш доктор од комфорот на вашиот дом

Соработка со ЗКПК „Крводарител“ Скопје

Krvodaritel - Sistina Oftalmologija

Здржение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ секојдневно се трудат и работат за да овозможат помош на оние на кои најмногу им е потребна! Доброволното дарување крв претставува одраз на високи етички, хуманирани и морални вредности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот, воден од алтруистички побуди е благородно дело. Со само една дарувана кеса крв може да спасат и до 3 или 4 животи. Тоа е затоа што од една единица полна крв се прават повеќе производи. 

Во знак на благодарност за хуманоста која што ја прават овозможивме поволности на офталмолошки услуги на сите членови на Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје во сите наши медицински центри.

За да ги искористите поволностите кај нас треба да закажатe претходно преглед на нашите телефонски броеви (02/3097-000; 070/351-008), со напомена дека сте член на здружението. Како верификација ќе биде потребно да ја покажатe својата членска картичка на денот на терминот.

За повеќе информации и пристапување кон членство на ова Здружение може да прочитате повеќе на нивната интернет страница: www.krvodaritel.org

Затоа што крводарителите го заслужуваат тоа!


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат потреба од консултација, совет, терапија или имаат итна состојба;
  •  Работно време секој ден од 08:00 до 20:00 часот;
  • Достапен за телефонска консултација, SMS, Viber и WhatsApp.*
  • *Услугата Viber/WhatsApp повеќе не е достапна.