Организацијата за патување и медицинска грижа паралелно е многу истоштувачкa. Поради тоа, ние ви овозможуваме персонален асистент  кој ќе ви помогне во секој чекор и ќе ви овозможи безгрижен и удобен престој. Оставете ни ги летовите, организацијата, сместувањето на нам, а вие препуштете се во магичните раце на нашите офталмолози и преубавото Скопје. 

Помош при резервација
на авионски билет
Помош при аранжман
за сместување
Бесплатен превоз од
и до аеродром

Добредојдовте во  Македонија. Главниот град Скопје изобилува со долгогодишна историја. Кога пристигнувате во центарот на Скопје можете да ја забележите старата отоманска ера, која е прикажана во Старата Скопска чаршија, која е одделена од новиот дел на Скопје со Камениот мост, кој е изграден во 15-от век и Скопската тврдина Кале, која го штити Скопје од 5-от век. Храната во Скопје ќе ве примами да седнете во најдобрите дебармаалски ресторани.

Македонија ја има таа среќа да се повикува и на  “Бисерот на Балканот”. Нејзините бисери ги пронаоѓаме во градот Охрид – малиот Ерусалим. Според легендите, градот во минатото имал 365 цркви – колку и денови во годината. Пастрмките во Охрид, ќе ве примамат да не си заминете од Македонија, без да го посетите! 

Со своето повеќе од 11 годишно постоење, специјализираната болница „Систина Офталмологија“ е прва и најголема приватна очна болница во регионот која користејки ги предностите на модерната медицина, професионалноста и стручноста на медицинскиот персонал, е комплетно опремена и оспособена да ги реши сите проблеми со очите. Болницата е единствена во земјата и регионот со болница во Скопје и 4 дијагностички центри низ Македонија – Битола, Гостивар, Тетово и Штип.

Локации

СКОПЈЕ

БИТОЛА

ГОСТИВАР

ТЕТОВО

ШТИП

Систина Офталмологија Штип

Сместување во Скопје

Скопје нуди широк спектар на хотели  погодно лоцирани во близина до нашата болница и во центарот на градот. Доколку имате потреба, контактирајте на за асистенција, доколку директно резервирате, ве молиме наведете дека сте пациент на Систина Офталмологија со цел да ги искористите специјалните цени, секако може личниот асистент да ви резервира место.  

Превоз до и од Скопје

Авионски летови/Автобуски превоз

Вашиот личен асистент ќе ви резервира лет за Скопје, согласно со вашиот термин за преглед и операција.

Превоз до болницата

Систина Офталмологија има сопствен превоз од дестинацијата кај што сте. Бесплатен превоз до болницата и ве остава повторно назад, без воопшто да го почувствувате патот и да се грижите дали ќе најдете такси или пак да користите јавен превоз. 

DA SE KOREGIRA

Гурмански понуди во Скопје

Скопје е препознатлив по својата гурманска страна. Искусете ги најубавите традиционални јадења, интернационални јадења и комплетирајте си ги спомените во градот со долга традиција во поглед на исхрана. Некои вкусови нема да ги заборавите никогаш. 

Туристички аранжмани

Во зависност од индивидуалните потреби и желби може да се организираат дополнителни аранжмани.