Тимот на Систина Офталмологија и оваа година активно учествуваше на XVII–от Конгрес на офталмолози на Србија кој се одржа од 4 јуни до 7 јуни во Белград. Овој конгрес е еден од најмасовните во регионот со учество на 500 офталмолози од светот, како и 20 предавачи од 16 држави, на кој беа опфатени проблематики од областа на катарактна хирургија, рефрактивна хирургија, терапија анти-VEGF и др., во кој Систина Офталмологија покажува напредок и исклучително позитивни резултати.

Проф. д-р Никица Габриќ, основачот на најголемата очна клиника „Свјетлост”, a кој од неодамна е официјално и дел од тимот на Систина Офталмологија, а кој во рамките на симпозиумот „Европа во Белград“ зборуваше за резултатите од двегодишното истражување на пациенти со т.н. V4c Collamer леќа со кој се корегира средна и висока миопија и астигматизам (кратковидност и цилиндер). Д-р Златко Арнаудовски, стручниот директор на Систина Офталмологија и д-р Билјана Костовска, шеф на Одделот за рефрактивна хирургија, исто така беа дел од елитата на офталмолози кои учествуваа во предавањата и ги пренесоa резултатите од досегашното работење и примената на оперативни техники и методи, како и имплантација на интраокуларни леќи во рефрактивно катаракната хирургија во Македонија.
Преку излагањата на докторите, Систина Офталмологија уште еднаш го потврди заслуженото место во високото елитно друштво на врвни офталмолошки клиники во регионот, која и натаму истото ќе го одржува и унапредува, преку конитунирана едукација и специјализација на тимот и новите кадри и управување со новите технологии во офталмолошката пракса.