Д-р Билјана Костовска оваа година учествуваше на XXI–от Конгрес на офталмолози на Србија кој се одржа од 26 мај до 29 мај во Белград. Овој конгрес е еден од најмасовните во регионот со учество на 500 офталмолози од светот, како и 20 предавачи од 16 држави, на кој беа опфатени проблематики од областа на катарактна хирургија, рефрактивна хирургија, терапија анти-VEGF и др., во кој Систина Офталмологија покажува напредок и исклучително позитивни резултати.

Д-р Билјана Костовска ги претстави своите резултати од имплантација на факични леќи со кои се корегира висока диоптрија кај пациенти кои не се кандидати за друга метода за корекција на диоптрија. Систина Офталмологија е првата клиника во државата во која се имплантираат ваков вид на леќи со кои се овозможува јасен вид кај пациенти со диотприја од над -10, -20 диоптрии.

Преку излагањата на докторите, Систина Офталмологија уште еднаш го потврди заслуженото место во високото елитно друштво на врвни офталмолошки клиники во регионот, која и натаму истото ќе го одржува и унапредува, преку конитунирана едукација и специјализација на тимот и новите кадри и управување со новите технологии во офталмолошката пракса.