Првиот приватен центар за катарактна хирургија и витректомија, секоја сабота во текот на месец ноември ќе врши бесплатни прегледи за дијабетичари.

По повод Светскиот ден на дијабетичари,14 ноември, Систина Офталмологија во текот на месец ноември ќе спроведе хуманитарна акција со што ќе им се овозможат бесплатни прегледи на дијабетичарите. Сите заинтересирани пациенти потребно е претходно да се јават и да го закажат својот саботен преглед во периодот од 1 до 30 ноември, од 9-14 часот.

Исто така на самиот ден, 14 ноември, среда, тимот на Систина Офталмологија ќе врши бесплатно мерење на очен притисок и консултации во Тинекс-Зебра ве период од 16 до 20 часот.

„Нашата институција од самиот почеток посебно внимание обраќа на дијабетичарите, кај кој поради болеста, најмногу страдаат очите. Имено, често пати со хуманитарни и едукативни активности ја анимираме оваа група на пациенти. Тие кај нас минуваат низ детални прегледи, тераписки и ласерски третмани, како и најсериозни хируршки зафати кој се неопходни кај напредна дијабетична ретинопатија и сериозните нарушувања на видот.

Како директор на оваа институција со задоволство констатирам дека ваквите наши активности и посветеност вилијаеа на информираноста и свесноста на пациентите со дијабет, па многу од нив навреме ги превентираат последиците од болеста врз очите, а другите преку сложени хируршки третмани на задниот сегмент на окото, целосно или делумно го повратија видот.” изјави др. Златко Арнаудовски директор на клиниката и специјалист по офталмологија.

Систина Офталмологија ќе продолжи хуманитарно да делува за своите пациенти и за сите оние кои имаат проблеми со здравјето на видот и очите.