Систина Офталмологија Скопје е дијагностички и хируршки очен центар во кој се вршат прегледи, дијагностика, мали и големи хируршки интервенции. Прегледите ги врши стручен и обучен тим од врвни офталмолози со долгогодишно искуство во офталмологија.
Систина Офталмологија Скопје е единствената очна болница со 4 дијагностички центри. Во Скопје се изведуваат големи хируршки интервенции и од другите дијагностички центри. Прегледите се извршуваат во сите центри со подеднакво ниво на стручност и знаење од страна на офталмолозите и медицинскиот персонал.