Во септември оваа година во Белград се одржа XVI – от Конгрес на Офталмолози на Србија, на кој присуствуваше д-р Мирјана Саздовска од Систина Офталмологија. Конгресот каде присуствуваa повеќе од 200 офталмолози од регионот и Европа, годинава за централна тема ја имаше Cross linking методата во третманот на кератоконусот.

Cross linking е зафат со кој се обидува да се зајакне ослабената колагенска врска на рожницата и така да се забави напредувањето на болеста кератоконус. Акцент е ставен на зборот забавува, бидејќи процедурата се користи во светот околу 15 години, така да сеуште не постои доволен временски период за да може со сигурност да се утврди дали со Crosslinking дефинитивно се запира кератоконусот.

Кератоконус е прогресивна болест на рожницата која се манифестира со промена на нејзиниот облик и ослабување на видната острина, а често крајната фаза на напредување на болеста бара трансплантација на рожницата. Забрзаниот развој на рефрактивната хирургија и високата технологија секако допринесоа до откривање на поголем број пациенти со оваа болест за што офталмолозите го препорачуваат CROSS LINKING третманот.

На конгресот со свои излагања учествуваа еминенти стручњаци од повеќе европски држави, како проф. Тасињон од Белгија, проф. Белучи и проф. Ферара од Италија, проф. Маљугин од Русија, проф. Хавлина и проф. Фајфер од Словенија, како и проф. Георгарас и проф. Павлидис од Грција.