Консултација со наш доктор од комфорот на вашиот дом

„Систина Офталмологија“дел од Race for the cure – за поддршка на хероините низ целиот свет

Оваа година тимот на „Систина Офталмологија“ се приклучи на најголемиот европски настан посветен на здравјето на жените – Race for the cure,со здружението „Борка. Токму овој настан преку виртуелно здружување со прошетка или трка на сите жени од целиот свет, се труди да ја подигне свесноста за значењето на здравјето на жената.

Решивме преку нашата прошетка да го обоиме и ние интернетот во розево. Секоја жена за себе е најдобар пријател кога се грижи за своето здравје. Сите болести кои што навремено се откриени, навремено може и да се третираат. Затоа, заеднички сакаме да ги поттикнеме сите жени да одат на редовни прегледи и да внимаваат на своето здравје што е можно повеќе.

На хероините кои што се избориле со ракот на дојка и никогаш не се откажале треба секогаш да им се воодушевуваме. Во името на нивната храброст, ве повикуваме и вие да бидете дел од оваа иницијатива.