Денешната офталмохирургија многу побрзо, ефикасно и едноставно ги решава очните проблеми. Интервенциите на очите кои офталмолозите кои во минатото биле нерешливи или бил потребен комплексен пристап за успешно решавање, денес се извршуваат во еден ден.

Пример за тоа е ласерската корекција на диоптрија која за само 10 мин. ја остранува диоптријата. Самиот поим ласер кога е поврзан со око буди недоверба и страв и како резултат на тоа, следат ред логични прашања за самата процедура кои ги добиваме на денот на прегледот за ласерската корекција од нашите пациенти.

Ова се неколку одговори за најчестите прашања поврзани со оваа интервенција.

1. Дали можам да ослепам од ласерската корекција на диоптрија?

Ласерската корекција на диоптрија е безбедна и брза (трае 5 минути ). Таа се изведува со ласер кој е компјутерски контролиран, зраците ги насочува на точно определено место и држачот на очните капаци во текот на интервенцијата го спречува трепкањето на окото. Исто така, многу е важно да се обратите кај искусен хирург во оваа област кој располага со современа технологија. Во Систина Офталмологија работиме со специјализирана апаратура која овозможува сигурност во текот и по ласерската корекција на диоптрија, па затоа не се појавуваат компликации кои трајно можат да го оштетат видот.
Оваа интервенција во светот се прави повеќе од 30 години, а ја направиле повеќе од 50 милиони луѓе, меѓу кои и светски познати личности како Бред Пит, Никол Кидман, Елтон Џон, Кортни Кокс и други.

2. Дали морам да сум будна/буден за време на операцијата?

Да, бидејќи интервенцијата трае толку кратко што нема потреба од општа анестезија бидејќи таа може да предизвика дополнителни компликации на организмот кои не се поврзани со очите. Подготовката за интервенцијата се состои седатив кој ќе ви помогне да ја смирите вашата анксиозност и анестетски капки за да не чувствувате болка, додека на ласерот му е потребно само 1 мин. да ја ремоделира вашата рожница. Ако можете да гледате во една точка 45 секунди (исто онолку колку што е потребно да внимавате на семафорот) тогаш вие го можете ова.

3. Дали ќе ми се врати диоптерот во бременоста?

Промените на очите во текот на бременоста се ретки, а најчесто промената на диоптријата во текот на бременоста е привремена и се враќа во нормала со нормализирањето на хормонскиот статус по породувањето. Нашето досегашно искуство покажало дека жените кои направиле ласерска корекција на диоптрија пред да останат бремени, понатаму во текот на бременоста не им се вратила диоптријата. Така што, слободно можете да ја направите интервенцијата иако се уште не сте остварени како мајка.

4. Со ласерот се отстранува само диоптерот, а не и цилиндер (астигматизам)?

Астигматизмот значи дека површината на окото на некои места ви е нерамномерно искривена. Со ласерската корекција на диоптрија ги решаваме и сите неправилности на рожницата, па така го отстрануваме и +-6 цилиндер (астигматизм).

5. Дали сувоста на очите по интервенцијата е трајна?

Околу 6 недели по ласерската корекција на диоптрија, очите ќе ви бидат суви и ќе треба да користите капки (вештачки солзи). Најновите истражувања покажуваат дека 6 месеци по операцијата, 99% од пациентите веќе немаат никакви симптоми на суво око. Кај пациентите кои долги години, повеќе од 8 часови дневно носеле контакни леќи (особено меки), настанува пореметување на солзниот систем поради што сувоста може да биде подолга од 6 месеци. Поради тоа, доколку носите контакни леќи се препорачува користење на вештачки солзи и дневно капнување и додека носите леќи.

6. Дали може да гарантирате за успехот на интервенцијата?

Гаранција за успешноста на интервенцијата е деталниот преглед за ласерска корекција на диоптрија. Врз основа на пентакам анализата и останатите испитувања ние анализираме дали ги исполнувате сите критеруми потребни за да ја направите оваа интервенција. Во случај да не сте, не се обесхрабрувајте – постојат и други решенија на Одделот за рефрактивна хирургија кои ќе резултираат со успех кај вас врз основа на состојбата на вашите очи.

Тест: Дали постои веројатност да сте кандидат за ласерска корекција на диоптрија?

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

4.270,00
2.135,00

*Акцијата важи до 30.04.2021 г.

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.