Селим Спаијоски (операција на катаракта)

operacija-katarakta-sistina-oftalmologija-ilir-osmani-gostivar
Селим Спаијоски и д-р Илир Османи

„Од сите права, најголемо е човековото право на вид“.

Независно и од годините, секој има право на вид. Така е случајот со г-дин Селим Спаијоски – на 90 години направи операција на катаракта со вградување на монофокални леќи на двете очи во нашата клиника. Голема заслуга за оваа одлука има неговиот син Ислам кој на секој преглед и контрола доаѓаше со својот татко.

Додека разговоравме со Ислам за искуството на неговиот татко во нашата клиника и неговата состојба пред операцијата, во очите на Селим забележавме солзи радосници затоа што конечно гледаше многу добро.

 „Мојот татко има 90 години и последните две години имаше проблем со очите – речиси не гледаше воопшто. Поради неговата возраст ни беше страв да го оперираме. Дојдовме во ‘Систина Офталмологија’ во Гостивар на преглед кај д-р Илир Османи и докторот убаво ни објасни сѐ – како се одвива процедурата, зошто годините не се проблем и дека се ќе помине во најдобар ред. Единствена дилема што ни остана беше дали да го оперираат едното или двете очи во истиот ден. Во ‘Систина Офталмологија’ во Скопје, на денот на операцијата, беше направена уште една контрола и според добрите резултати со д-р Илир одлучивме да се направи операцијата на катаракта на двете очи. Операцијата траеше околу еден час. Бевме многу возбудени затоа што од првиот момент кога татко ми излезе од операционата сала ми рече дека гледа! После неколку дена од операцијата татко ми е многу добар, почна да гледа предмети кои порано не ги гледал: часовникот, фотографиите на децата итн. Ова е посебно чувство – јас не сум верував дека мојот татко ќе може повторно да гледа, но приемот и објаснувањето  од страна на докторот не убеди за операција. Многу сме задоволни од третманот на д-р Илир Османи и целиот медицински персонал на ‘Систина Офталмологија’.“