Садик Бајрам (операција – витректомија)

Садик Бајрам и д-р Билјана Костовска

„Дојдов да ги бакнам златните раце на докторката!“ се зборовите на Садик кои резонираа во ординацијата на д-р Билјана Костовска на денот на контрола по операција – витректомија.

Садик Бајрам (48 год.) пред неколку години има направено операција на катаракта (перде). За жал, вградената леќа пропаѓа и неговиот вид се влошува поради што мора да му се направи операција витректомија за да се санира штетата и да се врати видот.

„Поминав повеќе болници за да најдам решение за мојот проблем и дојдов во „Систина Офталмологија“. Уште на првиот преглед се одлучив за операција бидејќи д-р Билјана Костовска ми влеа доверба дека се ќе биде во ред. Операцијата помина добро и сега видот ми е одличен. Пресреќен сум!“.