Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

Политика за приватност

Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата на Приватна здравствена установа „Систина Офталмологија“ – Скопје, www.sistinaoftalmologija.mk

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува врвен приоритет на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје.

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје ги собира, користи, одржува и обработува  податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на нејзината интернет страница www.sistinaoftalmologija.mk (понатаму:„интернет страница”). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашите интернет страници.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите корисници при посета/регистрација на нашата интернет страницата.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет страницата, ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци ги обработуваме:

  • При регистрација за користење на услугата за „Онлајн консултација со доктор“

ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје ги собира, чува и обработува вашите лични и други податоци, преку користење на онлајн страницата со регистрацијата за „Онлајн консултација со доктор“ на интернет страницата, преку кои се врши ваша лична идентификација.

Категориите на лични податоци кои ќе треба да ги внесете при процесот на регистрација се: име и презиме, дата на раѓање, телефонски број за контакт, место на живеење и електронска пошта (детално утврдени во  Услови, правила и упатство за користење на услугата „Онлајн консултација со доктор“ ).

Оваа политика се однесува на начинот на кој ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на интернет страницата  при посетата/регистрацијата, како и „Онлајн консултација со доктор“ и наплата на услугата на интернет страницата.

Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со HTTPS протоколот за заштита на информации.

Во случај на електронско плаќање, ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на корисниците ја врши согласно законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и своите интерни акти со тоа што личните податоци на корисниците не ги задржува, споделува чува или користи за други цели освен за наплата на услугата. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша предходна согласност. Рокот на чување на овие податоци е 30 дена, само заради остварување на целта на услугата, што по истекот на истите овие податоци се уништуваат и бришат.

  • При аплицирање на оглас за вработување

При аплицирање на објавен Оглас за вработување на нашата електронска пошта ни испраќате ваша работна биографија и мотивационо писмо. Работната биографија треба да ги содржи следните податоци: име и презиме, телефонски број за контакт, електронска пошта, место на живеење, опис на вашето работно искуство, опис на вашето образование и обуки, опис на вештините кои сте ги стекнале во текот на образованието, работата и секојдневниот живот. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Рокот на чување на овие податоци е до 1 година, што по истекот на рокот истите се уништуваат и бришат. Апликантот на работа согласно со Законот за заштита на лични податоци, може да побара пристап до овие податоци, исправка или бришење пред овој рок или право на приговор за обработката. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

  • Цели на директен маркетинг

За прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на кoрисниците овие податоци се собираат врз основа на Ваша изречна согласност. Доколку не сакате да ги добивате овие содржини, може во секој момент да побарате повлекување на согласноста.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци ПЗУ „Систина Офталмологија“- Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани правила во Правилникот за технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кој располага. Вработените во ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи и во со закон предвидена постапка. ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје не врши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници со нивна изрична согласност. При посетата на интернет страницата од корисниците, ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Дополнително собраните податоци се користат за:

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата интернет страница,
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на услугите.

Употреба на интернет страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги обработи без дозвола од родителот/старателот.

Авторски права

Сите содржини на оваа интернет страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.

Коментари, прегледи и друга содржина

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за услугите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. ПЗУ „Систина Офталмологија“- Скопје го задржува правото да ги отстрани тие пораки.

Промени во политика за приватност на личните податоци

ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Вашите права

Како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање упатено на адреса ул. Скупи бр.5А, 1000 Скопје или барање преку  електронската адреса: contact@sistinaoftalmologija.mk

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и
  • да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка
  • да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до интернет страницата

Контакт

Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нѐ контактирате на следната електронска адреса:  contact@sistinaoftalmolgija.mk или со Офицерот за заштита на личните податоци на stefani.nedelkova@sistinaoftalmologija.mk, како и телефонските броеви +389 2 3097 000 или + 389 72 221 072.

Електронската адреса од која ќе не контактирате, како и останатите ваши лични податоци и целата содржина на Вашите барања и/или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за да одговориме на истото.

Почитувани корисници, Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.