Стручниот тим на Систина Офталмологија  и Универзитетската клиника Свијетлост од Загреб, во Македонија ја носат новата ласерска технологија за отстранување на диоптријата, а со неа и повеке од 18 годишното искуство на ова поле, на тимот експерти од Клиниката Свјетлост со над 50 000 успешни операции, а кои се предводени од Проф.Др.Сц. Никица Габрич, кој го направи првото ласерско отстранување на диоптријата во поранешна Југославија. Оваа операција во светот се изведува веке 30 години и преку 40 милиони луѓе го имаат направено овој зафат.

Ласерското отстранување на диоптријата се однесува на процедури кои се изведуваат со ласерско ремоделирање на предната прозирна површина на окото која се нарекува рожница, со цел корегирање на оптиката на окото, односно создавање на јасна слика без употреба на корективни помагала.

Сите видови на денешни операции се во целост компјутерски контролирани со помош на прецизни компјутерски програми интегрирани во ласерска платформа. Со денешните апарати една диоптрија може да се намали за помалку од 2 секунди, а системите за следење на окото на пациентот во текот на операцијата(trackers) овозможуваат прецизно доставување на ласерските зраци на точно зададено место без оглед на движењето на окото. Поради совршено прецизни и брзи софтверски системи, сите денешни операции се преку 99% сигурни.