Со отворањето на Одделот за рефрактивна хирургија, Систина Офталмологија заедно со универзитетската клиника “Свјетлост” од Загреб, успешно обавува интервенции за корекција на диоптрија, повеќе од една година. „Свјетлост“ е првата клиника во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 18 години и до сега оперирала преку 50.000 очи.

Ласерската корекција на диоптрија е сосем безболна и безбедна метода за остранување на диоптрија за само 5 минути. Со денешните ласери може да се острани диоптрија од -10 до + 5 и ± 6 астигматизам за помалку од 2 секунди, што значи дека практично 95% се кандидати за интервенција.

Сите видови на интервенции за остранување на диоптријата кои денес се обавуваат, се целосно компјутерски контролирани со помош на прецизни софтверски програми. Во поглед на ласерската корекција на диоптрија, многу од пациентите стравуваат дека ласерот може да го повреди или изгори окото. Овие ситуации не се возможни, бидејќи станува збор за ладен вид на ласер во кој има вградено тракер со кој се следи движењето на окото. На тој начин се овозможува прецизен пренос на ласерскиот зрак на местото за кое што е наменето, без разлика дали има микронски движења на окото на пациентот за време на интервенцијата.
Според истражувањата на американската Прехрамбената и лекарската администрација (FDA) утврдено е дека од сите интервенции кои се обавуваат на барање на пациентите, ласерската корекција на диоптрија предизвикува најголемо задоволство дури 97%.