Драги пациенти,
Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.
Преку оваа виртуелна средба ќе можете:
- Да стапите во контакт со наш доктор офталмолог;
- да му ја објасните вашата состојба;
- да добиете совет по претходно направена дијагностика;
- добиете детално објаснување за можностите за решавање на вашиот проблем;
- добиете мислење од докторот за понатамошни чекори.
Оnline консултацијата е начин за едноставна и ефиксна виртуелна средба со наш доктор.
Терминот сами го избирате, а истата трае максимум до 15 минути.