Поради проширување на својот тим, „Систина Офталмологија“ во Скопје објавува оглас за вработување на:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК (CALL CENTER)

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Искуство во работа со клиенти
  • Развиени компјутерски вештини и познавање на MS Office програмите

Одговорности и работни задачи:

  • Водење на општи административни работи на пулт 
  • Прием на повици и закажување на прегледи на пациентите кај соодветниот доктор (Call Center)
  • Прием, пречекување и внесување на пациенти во системот
  • Водење на статистички податоци за закажаните прегледи 
  • Комуникација со пациенти за нивните потреби и укажување на помош 
  • Пратење на обуките за подобрување на ефикасноста на работењето
  • Партиципација во маркетинг активностите врз база на претходно воспоставен маркетинг план 

Личен профил:

  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Аналитички способности, упорни и енергични
  • Професионален и позитивен однос
  • Љубезност, учтивост и хуманост
  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака “За оглас за Административен работник”.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!