Оглас за доктор со интерес за специјализација по офталмологија

Поради проширување на својот тим, „Систина Офталмологија“ објавува оглас за вработување на:

Потребни квалификации:

  • Завршен Медицински факултет
  • Постигнат просек над 8
  • Положен државен испит
  • Интерес за специјализација по офталмологија
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност

Личен профил:

  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Професионалионален и љубезен однос кон пациентите
  • Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака „За оглас за Доктор со интерес за специјализација по офталмологија“

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!