fbpx
Follow us on:
  • English

Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Вршиме офталмолошки прегледи и даваме мислењата за интервенциите за ласерска корекција на диоптрија, старосна диоптрија, вградување на интраокуларни леќи и останати, без обврска да се направи интервенцијата во нашата клиника.

Основен офталмолошки преглед

Основниот офталмолошки преглед е преглед на кој се проверува преден сегмент на окото (контрола на диоптрија, алергии, иритации, сувост на очите, страно тело во око) и се препорачува кај лица со веќе познати болести на очите, како редовен контролен преглед.

Доколку пациентот сака само превентивна проверка на видот и очи, а притоа нема симпотми или дијагностицирана очна состојба, може да се закажете и овој преглед.

Супспецијалистички преглед

Супспецијалистичкиот преглед е подетален преглед и се состои од проверка на преден сегмент, како и определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв).

Овој преглед се препорачува кај лица кои не биле до сега на очен преглед, како и кај лица кои подолг период не направиле преглед, а имаат очигледни промени во видот.
Овој преглед може да се направи и на барање на пациентот.

Контролен преглед

По препорака на офталмологот може да биде предложен контролен преглед за следење на очната состојба.
Во зависност од потребата, контролниот преглед може да биде:

  • Кратка основна проверка на предниот сегмент на видот;
  • Проверка на видот и очите со проверка на заден сегмент (најчесто по одредени интервенции на очите);
  • Контролен преглед по преглед или интервенција за ласерска корекција на диоптрија;
  • Контролен преглед по преглед на катаракта или операција на катаракта;
  • Контролен преглед по преглед или операција со вградување на мултифокални леќи;
  • Контролен преглед со дополнителни дијагностички испитувања и сл.

Контролните прегледи најчесто се по извршена мала интервенција или хирушка интервенција.
Исто така, контролните прегледи служат за следење на развојот и стабилност на очната состојба кај пациентот како подготовка пред одредена очна состојба.

Закажете контролен преглед тука.

Соработка со ФЗО

Сите офталмолошки прегледи во нашата клиника се наплаќаат приватно.

За повеќе информации контактирајте не телефонски 02 3097 000 или електронски на contact@sistinaoftalmologija.mk.

Цена

Сите испитувања кои не се вклучени во офталмолошкиот преглед, се наплаќаат дополнително.

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Контролен преглед

600,00

Контролен постоперативен преглед

Преглед три месеци по ласерска корекција на диоптрија.

1.150,00

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

*4.270,00

2.135,00

Преглед за мултифокални леќи

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

2.400,00

*Акцијата важи до 30.04.2021 год.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.