Во ова време на ограничено движење, сепак, постојат состојби на очите кои се итни и на кои треба веднаш да им се даде медицинска помош. Една од нив е аблација (одлепување) на ретината. За тоа кои се симптомите, како се третира и како треба да се постапи доколку настане оваа состојба, објаснува д-р Билјана Костовска во интервју.

Нагло губење на вид, светкања, црни точки – што значи тоа? Што значат овие симптоми?

– На почеток може да се само блесоци, искри, светкања како молњи. Црни точки во видното поле или голема темна дамка се појавува ако одлепувањето е пратено со крварење во витреалниот простор. Состојбата се влошува со појава на завеса во видното поле. Кога одлепувањето ќе стигне до центарот на видот или макулата, што може да се случи во рамките на 1 до 2 дена, видот доста се намалува и не може повеќе да читате ниту да препознавате други лица. Аблација на ретината или одлепување на мрежницата е итна состојба која мора да се оперира во рамките на 24 часа. За време на примарната аблација, ретината пука и се формира ретинално дупче кое настанува како резултат на навлегување на очна водичка низ мало дупче на ретината. Со ширење на дупчето доаѓа и до подигнување на околната ретина и постепено доаѓа до одлепување на ретината од очната позадина. Секундарна аблација се јавува како резултат на воспаление или тумор на хороидеа (третманот е посложен и мултидисциплинарен).

Како се третира аблацијата на ретината?

– Аблација на ретината се третира со операција која се нарекува витректомија. Како што ретината се храни само додека е залепена за очната позадина, секое ретинално одлепување може трајно да ја оштети ретината. Затоа е важно операцијата да биде извршена што побрзо и секое чекање резултира со полош исход по операцијата. Во „Систина Офталмологија“ може да ја организираме операцијата во рамки на 24 часа за време на работен ден или празник. Операцијата се прави со локална анестезија со седација. Оваа операција е комплетно безболна. Таа трае во просек околу еден час, после која пациентот може да оде оди дома уште истиот ден.

Витректомијата претставува прецизна и комплексна операција. При неа се отстранува  стакленото тело од внатрешноста на очното јаболко, низ мали отвори на белката (помали од 1 мм) по што истото се заменува со специјален гас (кој со текот на времето се ресорбира) или силиконско масло, а дупките на ретината се обрабуваат со ласер за да се залепат.

biljana-kostovska-vitrektomija-sistina-oftalmologija-2
Д-р Билјана Костовска

Во текот на витректомијата, се влегува во око преку 4 мали отвори од по 1 mm на белиот дел на окото (склера). Во текот на операцијата се отстранува стаклестото тело и се заменува со течност. Стаклестото тело потоа се надоместува со нормалната очна водичка која окото сама ја произведува и окото нормално функционира. Откако ќе се отстрани стаклестото тело, се идентификуваат „дупките“ на ретината, ретината и дупките се лепат со ласер.

Колку време трае опоравувањето и што смеете да правите?

– Окото по операцијата е малку црвено, без болка и опоравувањето трае до 1 месец комплетно. Потребно е да се става терапија со капки и маст во текот на две недели, а окото мора да биде затворено само еден ден. Контролните прегледи се закажуваат ден после операцијата, 7 дена после операција и 2 до 3 недели по интервенцијата. По 10-тина дена кај некомплицираните аблации, пациентот може да се врати на секојдневните активности. Во текот на тие 10 дена потребно е да мирувате и да лежите во положба која ќе ја препорача лекар, а може да работите на компјутер, да читате или да гледате ТВ користејќи го другото око.

Дали овој вид интервенција е покриен од Фондот?

– Повеќе од 10 години на искуство, препознатливост и традиција во хирургијата на очите, и долгогодишната сароботка со ФЗО на РСМ за покривање на витректомии и катаракта. Направени се повеќе 10.000 витректомии и замени на силиконско масло. Кај нас за овие интервенции се користи Constellation Vision System, најмодерниот офталмолошки микрохируршки систем за витреоретинална хирургија и отстранување на катаракта. Овој апарат е безбеден за работење, а истовремено овозможува времетраењето на интервенцијата да се доведе во оптимално ниво што позитивно влијае на опоравувањето на пациентот после операцијата. Во Систина Офталмологија операцијата се прави без многу чекање и со едноставна документација.

Пристапот на нашиот тим е индивидуален за секој пациент, а сложеноста на овој вид интервенции понекогаш налага и соработка со повеќе стручни лица од повеќе медицински области (кардиологија, неврологија и сл) т.е. мултидисциплинарен пристап со цел овозможување успешно решавање, проследено со врвна пред и пост оперативна медицинска нега.

Како дел од Групацијата очни болници „Свјетлост“ од Хрватска кои бројат над 60 офталмолози и повеќе од 400.000 задоволни пациенти, нашиот тим на витреоретинални хирурзи редовно споделува искуства меѓу себе во решавањето на ваквите очни состојби. Редовното присуство на светски конгреси и едукација меѓу кои и обуки под водство на проф. д-р Ференc Кухн (врвен витреоретинален хирург, професор предавач на повеќе универзитети низ Европа), претставува дополнителна вредност во поглед на нивното знаење и искуство.

➡️Побарајте го нашиот доктор ☎️ 072 268 874 за консултација, совет и итен случај. Достапен и на Viber и WhatsApp. #ОстаниДома