Консултација со наш доктор од комфорот на вашиот дом

Нутриенти кои ќе го заштитат здравјето на вашите очи

Нашиот вид е веројатно најважниот од петте сетила кои ги имаме сите. Здравјето на очите оди рака под рака со целокупното здравје .

Ризикот од развој на најчестите очни заболувања како катаракта, дијабетична ретинопатија, макуларна дегенерација и глауком зависи од возраста, генетика, хронични заболувања и секако, начинот на живот и исхрана.

Овие хранливи материи помагаат во одржување на функцијата на очите, ги штитат очите од штетна светлина и го намалуваат развојот на дегенеративни заболувања.

Витамин А

Недостатокот на витамин А е една од најчестите причини за слепило во светот.

Овој витамин е од суштинско значење за одржување на клетки за осетливост на светлината на очите, познати и како фоторецептори. Доколку, не козумирате доволно витамин А, може да имате т.н. “ноќно слепило“, суви очи или други посериозни состојби, во зависност од сериозноста на вашиот недостаток.

Витамин А го има само во храната со животинско потекло. Најбогат извор на овој витамин го има во џигерот, жолчките од јајца или млечните производи. Сепак, витамин А го има и во антиоксидантни растителни соединенија наречени провитамин А каротеноиди, кои се наоѓаат во големи количини кај некои овошја и зеленчуци. Каротеноидите со провитамин А им ја обезбедуваат потребата на луѓето од витамин А во просек околу 30%. Најефикасен од нив е бета-каротин, кој се наоѓа во големи количини во листест зеленчук, спанаќ и моркови.

Лутеин и зеаксантин

Лутеин и зеаксантин се жолти каротеноидни антиоксиданти познати како макуларни пигменти. Тие се сконцентрирани во макулата, централниот дел од вашата ретина, што е слој на тенки чувствителни клетки на задниот дел на окото.

Функционираат како природна заштита од сончевата светлина и штетната сина светлина која доаѓа од компјутерите и мобилните апарати.

Зголемениот внес на лутеин и зеаксантин може да го намали ризикот од очни заболувања, како што е макуларна дегенерација и катаракта. Лутеинот и зеаксантинот вообичаено, во исхраната се наоѓаат заедно. Најдобри извори на овие нутриенти се: спанаќ, листест зеленчук, магдонос, фстаци и зелен грашок. Дополнително, богати со овие нутриенти се и жолчките од јајца, слатка пченка и црно грозје.

Омега-3 масни киселини

Омега 3 масните киселини се „добри“ масти. Покрај тоа што помагаат во намалувањето на ризикот од појава на срцеви заболувања, депресија, деменција, артритис, го подобруваат и здравјето на очите. Се јавуваат во три форми – DHA, EPA и ALA.

DHA е главна компонента на ретината на окото – која е најважна за вашиот вид. Студиите покажуваат дека нејзиниот внес го намалува ризикот од макуларна дегенерација, како една од водечките причини за слепило. Воедно, е важна и за развојот на мозокот и очите за време на детството. Најдобар избор на Омега 3 е рибата. Различни видови риба, содржат различни количини на Омега 3. Најдобар извор се лосос, скуша, харинга, езерска пастрма, сардина и туна. Избегнувајте риба која содржи големи количини на жива, како што се ајкула, сабјарка и скуша.

Гама-линонеска киселина

Гама-линоленска киселина (GLA) е Омега-6 масна киселина која се наоѓа во растителните масла. Омега-6 масните киселини се есенцијални масни киселини кои играат важна улога во работата на мозокот, нормалниот раст и развој и здравјето на очите. Најчест извор на GLA e маслото од јаглика и сончогледовото масло. Нејзиното внесување ја намалува сувоста на очите.

Витамин Ц

Антиоксидантниот витамин Ц не само што се бори со настинки – тој исто така му помага на нашиот вид во борбата против слободните радикали и апсорпција на минерали и хранливи материи.  Зголемениот внес на овој антиоксидант го намалува ризикот од појава на катаракта. Најголем извор на витамин Ц има во овошјето и зеленчукот, како пиперки, цитрусни овошја, шумски овошја, листест зеленчук и брокули.

Витамин Е

Витаминот Е е група на антиоксиданти растворливи во масти кои ги штитат масните киселини од штетната оксидација. Бидејќи вашата ретина има висока концентрација на масни киселини, соодветниот внес на витамин Е е важен за оптимално здравје на очите. Недостатокот на витамин Е може да доведе до дегенерација на ретината, која води до слепило.

Најдобар извор на овој витамин има во бадеми, семки од сончоглед и растителни масла, како масло од лен.

Цинк

Вашите очи генерално, содржат високо ниво на цинк. Цинкот е дел од многу основни ензими. Цинкот ги користи ткивата во очите, бидејќи игра клучна улога во правилната клеточна поделба и раст на клетките, т.е. формирање на визуелните пигменти на ретината.

Цинкот во комбинација со други витамини помага во заштитата на ретината и го намалува ризикот од макуларна дегенерација. Природни извори на цинк има во остриги, месо, семки од тиква и кикиритки.


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите..
1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
КОНСУЛТАЦИЈА СО ОЧЕН ЛЕКАР
  • Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат потреба од консултација, совет, терапија или имаат итна состојба;
  •  Работно време секој ден од 08:00 до 20:00 часот;
  • Достапен за телефонска консултација, SMS, Viber и WhatsApp.*
  • *Услугата Viber/WhatsApp повеќе не е достапна.