Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

Ве повикуваме и вие да бидете дел од прошетката за хероините и „Race for the cure“

Тимот „Keep an eye on women’s health” на „Систина Офталмологија“, како што претходно ви најавивме, се приклучи на најголемиот европски настан посветен на женското здравје „Race for the cure”, заедно со здружението „Борка“.

Целокупната ситуација со коронавирусот доведе до тоа секој од тимовите посебно да си ја определат локацијата на својата дигитална трка, притоа имајќи ги предвид здравствените препораки за заштита.

Нашиот тим ќе ја започне својата прошетка од 3км во недела 27.09.2020 во 10:00 часот.

Ве повикуваме и вие да се приклучите на оваа прошетка, затоа што ова е вистински момент за заедничка поддршка на жените од целиот свет и да ја подигнеме свеста за нивното здравје. Може да се пријавите ТУКА.

Заеднички, силно и достоинствено да направиме розова интернет бука!