Успешно и гордо чекоревме во розово за подигнување на свеста за женското здравје

подигнување на свеста за женското здравје
“Keep an eye on women’s health” беше нашето име со кое чекоревме.

На 27.09.2020 (недела) чекоревме за хероините низ целиот свет за подигнување на свеста за женското здравје! Здружени заедно, со насмевка, позитивна енергија и преземени сите мерки на заштита направивме розова бука за „Race for the cure“ со здружението „Борка“ во Градскиот парк во Скопје. Истовремено овој настан беше обележан и во 14 други градови, како Битола, Прилеп, Охрид, Кавадарци, Велес, Ресен и други. 

“Keep an eye on women’s health” беше нашето име со кое чекоревме. Превентивата за женското здравје е клучна. Секоја жена треба да се грижи за себе најдобро што може преку редовни прегледи и скрининзи, затоа што само така најдобар пријател на самата себе. За оние пак кои што успешно ја победиле битката со ракот – огромно браво за вашата истрајност и упорност. 

На овој настан се обратија првата дама проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и претседателката на здружението „Борка“ – Биба Додева.

„Напред розово, напред хероини“. За подигнување на свеста за женското здравје!