
Најдобрите практики на Систина Офталмологија во услови на Ковид – 19 објавено заедно со студиите на медицинскиот универзитет на Станфорд, болницата Бостон и здравствениот систем Џон Хопкинс.
„Преку четирите модели кои содржат промени во организационата структура, грижата за вработените, комуникацијата со пациентите и социјалната одговорност, нашата болница успеа да обезбеди позитивни искуства за своите пациенти дури и во услови на криза.“ пишува д-р Весна Чадо во својата студија. Благодарност до реномираниот PXJ и Берил Институт.
Трудот „Позитивно искуство на пациентите при грижа за очите во услови на КОВИД-19: студија случај од очната болница „Систина Офталмологија”, од нашиот извршен директор д-р Весна Чадо, беше објавен во реномираниот Patient Experience Journal, составен дел на Институтот Берил.
Целиот труд може да го прочитате на следниов линк: https://pxjournal.org/journal/vol7/iss2/
Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19
- Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
- Закажување на термин на:
- Скопје: + 389 2 3097 000;
- Битола: +389 47 226 900;
- Гостивар: +389 42 210 800;
- Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
- Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
- Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
- Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
- Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
- Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.