Поради актуелната ситуација со коронавирусот, а во насока на превенција и заштита и безбедноста на пациентите, воведуваме посебен протокол на движење при посета на болницата.
Отворивме и дежурна линија за оние лица кои имаат итни состојби и не се во можност да дојдат на преглед. Нашиот дежурен доктор е достапен секој ден од 08:00 до 20:00 часот на 072 268 874.
Ве молиме, почитувајте ги следните превентивни препораки:
- Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено
- Задолжително носете заштитна маска при влез во болницата
- Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција
- Влезот во болницата е ограничен и се одвива само преку Влез А и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“
- Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција
- Одржувајте добри практики за лична хигиена
За повеќе информации во врска со вашиот преглед/интервенција побарајте не телефонски на 02/3097-000.