Новости

Д-р Александра Гочева Јерчиќ на „ЕУРЕТИНА“ во Прага

sandra-goceva-sistina-oftalmologija-bitola-praga

Д-р Александра Гочева Јерчиќ присуствуваше на деветтиот по ред Конгрес на Европското здружение на ретинални специјалисти „ЕУРЕТИНА“ што се одржа на 1 и на 2 март 2019 година во Прага.

 

Во текот на двата дена беа промовирани новитети во делот за дијагностика и витреоретиналната хирургија, развојот и апликацијата на нови лекарства, како и промени и насоки во третманот на макуларна дегенерација.

Беше истакната и потребата од превенција и соодветен скрининг кај лица со дијабетична ретинопатија. Беа презентирани студии на случај на третманот со анти-VEGF терапија и неговата улога во третманот на пролиферативна дијабетична ретинопатија, како и тоа во кои случаи на дијабетична ретинопатија треба да се пристапи со операцијата витректомија.

 

Присуството на д-р Александра Гочева Јерчиќ на овој конгрес ќе придонесе и за апликативна примена на новитетите во медикаментозното и хируршкото лекување на болестите на ретина во „Систина Офталмологија“ Битола, каде што се вршат дијагностички прегледи, апликација на анти-VEGF терапија и други помали хируршки интервенции.

 

Овој конгрес се смета за еден од најголемите ретинални конгреси со учество на повеќе од 5.000 специјалисти и над 750 предавачи од различни држави.

Scroll to Top