Со почетокот на декември, започнува и еуфоријата за китење на домовите и празнично чувство. Симбол на новогодишните празници е Дедо Мраз и новогодишни светилки. Домовите, терасите, дворовите, сите светат во различни бои и прават празнична атмосфера, но дали прават проблеми на очите?

Како ЛЕД светилки всушност влијаат врз очите?

Класичните ЛЕД светилки треперат постојано, иако ние не можеме да го забележиме тоа, нашето око ги прима сигналите што постојано трепкаат од светилките. Доколку децата постојано гледаат во ЛЕД светилките, тие имаат јачина како да се гледа во сонце или во снег, започнуваат болки во очи и пецкање во очите, односно може да се случи изгореница на окото која е болно воспаление на рожницата исто како изгореница на кожата.

Симптоми на замор на очите гледајќи во светилки

  1. Главоболка и мигрена
  2. Воспаление на очите
  3. Чувство на горење во очите
  4. Зголемено трепкање или замижување
  5. Чувство на зашеметеност

Како да се постапи при замор на очите предизвикан од светилки?

Доколку детето се пожали на болка во очите или воспаление, најдобро решение е да се изгасат светилките и мобилниот телефон за да се одморат очите. Доколку светилките сметаат на очите, најдобро е да се одберат ЛЕД светилки без треперење. При избор на лед светилки најдобро е да се одбере жолтеникав тон на светилки, бидејќи плавиот тон на светилките има полош ефект кон очите за разлика од жолтеникавиот тон.

Сепак украсувањето и новогодишните светилки не можат да се избегнат, но доколку бирате нови светилки, најдобро би било да одберат со жолтеникав тон и да не бидат присутни на многу места во домот. Изберете еден дел од домот кој сакате да го уредите и накитете го по своја желба.

Чувајте ги своите очи и среќни празници!

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00