Др. Виолета Бучкоска во Свјетлост Загреб со светскиот витреален хирург Карл Клас.

Систина Офталмологија и Свјетлост од Загреб во рамките на своето стратешко партнерство воведуваат нови посовремени методи во витроретиналната хирургија. Имено, од 02.10 до 03.10 оваа година, Др Бучковска престојуваше во Загреб каде заедно со своите колеги присуствуваа на презентацијата и примената на нови оперативни техники и методи на задниот сегмент на окото, од страна на врвниот светски витрален хирург проф. Карл Клас од Белгија.

Проф. Клас е основач на Одделот за витроретинална хирургија во болниците Миделхеим и Свети Агустус во Белгија и има добиено многубројни награди за своите дела. Проф. Клас е познат на светско ниво за обавување на тешки операции како комплицирани ретинални одлепувања, трауми, ретинопатија кај прематурчиња, макуларни транслокации. Моментално работи како шеф на Одделот за витроретинална хирургија при болницата Свети Агустус во Белгија.

Во текот на неговиот престој беа направени неколку операции на задниот сегмент на окото односно витректомија, како и комбинирани операции кои се состоеа од отстранување на катаракта (перде) и витректомија на претходно оперирани пациенти од други доктори, како и пациенти со тешки компликации.

Присуството на Др Бучковска, ќе значи напредок во третирањето на најтешките операции и компликации на задниот сегмент на окото, преку примена на пациенти со соодветна патологија во Систина Офталмологија , и воопшто во Македонија.