Последната новина, што ја воведовме, беше операцијата на катаракта со вградувањето еден нов вид на торични интраокуларни леќи, со кои што со еден хируршки зафат истовремено го решивме старечкото перде и корнеален астигматизам кај пациентот (неправилната закривеност на роговицата која се корегира со носење на очила со цилиндрични стакла). Ова е идеалното решение за видот на оваа специфична група на пациенти. Торичната леќа е уникатно дизајнирана и се изработува според индивидуалните мерења на пациентот. Пред операцијата пациентот имаше ограничено видно поле и искривена, заматена и разлеана слика, како да гледа низ водопад. По операцијата пациентот повторно има јасни контури и контрасти и има квалитетен вид на далеку и тоа без очила и контактни леќи“ – д-р Златко Арнаудовски, стручен директор на Систина Офталмологија.

Прочитајте ја целосната статија.