Меѓународен годишен состанок за крос-линкинг во Цирих

Од 5 до 7 Декември 2019-та година во Цирих се одржа годишниот состанок посветен на новостите во раната дијагноза и лекување на кератоконусот, како и иднината на методата крос линкинг. 

Откако масовните скрининзи за рана дијагноза на кератоконусот низ широката популација на здрави лица покажа дека кератоконусот повеќе не е ретка болест, а статистиките се доближија до преваленца од 1 на 400, истовремено се појави потреба и за ревизија на критериумите за ласерска корекција на диоптрија со цел да се откријат рожниците со ризик за кератоконус пред да се направи корекција на диоптрија со ласер на истите.

„Ризик факторите ги  поврзавме со промени во хормоните, промени во нормалната бактериска флора на солзниот филм, загадувањето и хроничната иритација на очите, како и механичкото триење на рожницата при чењае на очите. Од тука се согласовме дека лицата со повисоки стрес хормони, тироидни хормони и естроген во бременоста треба да бидат под надзор.“ се изјасни д-р Фанка Гилевска.

Иднината на крос линкинг методата е во скратување на протоколот, доведување на методата на биомикроскоп за поголема удобност на пациентот и барање на нови фотоактивни супстанци. Во јануари следната година е најавена првата УВ лампа за крос линкинг која ќе се монтира на биомикроскоп. Докажано е дека кислородот го помага крос линкингот па беа направени и први експериментални очила низ кои струи кислород. 

„Инфективниот кератит на кој не делува стандардна антибиотска терапија расположлива кај нас е новата индикација за крос линкинг и тоа што порано. Со време до 20 минути за третман се уништуваат до 95 % од микроорганизмите во рожницата со што времето за регенерација на истата се скратува и за 3 недели.“ – надополнува д-р Фанка.

На настанот беа присутни проф. д-р Тео Сајлер кој го водел тимот за истражување на биомеханиката на рожницата кога во 1991 година го поставиле Дрезеднскиот протокол за крос линкинг. Овој протокол се користи и денес, како златен стандард особено во третман на деца. Исто така и проф. д-р Фахрад Хафези кој е основач на фондацијата за рана дијагноза на Кератоконусот Light for Sight  е истовремено и изумител на ПАК протоколот за инфективен кератит. 

„Имавме прилика да се сретнеме и да разговараме со проф. д-р Белин и проф. д-р Стивен Клајс кои со својот придонес во Пентакам анализата помогнаат во дијагноза на раните и ризични сучаи кандидати за рефрактивна хирургија.“ – завршува д-р Фанка.