Лазар Коцев (операција на катаракта)

Д-р Златко Арнаудовски и Лазар Коцев

Лазар Коцев има 74 години и направи операција на катаракта на десното око во нашата клиника пред извесно време. Операцијата е кратка, безболна и Лазар си отиде дома уште истиот ден со нов вид.

„Одамна носам очила за блиску и далеку и еден ден додека гледав спорт на телевизија забележав дека не дочитував. Помислив дека имам промена на диоптрија и се упатив во оптика за да ги сменам очилата. Но, кога ме прегледаа ми рекоа дека имам катаракта на десното око и дека морам побрзо да реагирам за да не го оптоварам и левото око. Јас се уште работам така што потребно е да ме служи видот и поради тоа барав решение веднаш. Дојдов во ‘Систина Офталмологија’ на преглед кај д-р Златко Арнаудовски. Дијагнозата се потврди со тоа што забележа дека и на левото око се развива катаракта, но се уште не пречи на видот па поради тоа договориме интервенција само за десното око. Ми вградија интраокуларна леќа со која гледам одлично. Интервенцијата помина добро, се чувствувам добро.  Видот се стабилизира  и сега остана да ја следиме состојбата на левото око, па кога ќе дојде ред и тоа да го оперира д-р Златко.“