Ласерска корекција на диоптријa

Со отворањето на Одделот за рефрактивна хирургија, од 2015 година „Систина Офталмологија“, заедно со универзитетската клиника „Свјетлост“ Загреб, овозможи вршење ласерска корекција на диоптрија со примена на најсовремена опрема, искусен кадар и прецизна дијагностика. 

Проф. д-р Никица Габриќ, основачот и управител на „Свјетлост“, е офталмохирург што прв извршил ласерска корекција во регионот, на која и самиот тој се подложил. Во последните 19 години, само во клиниката „Свјетлост“ во Загреб, ласерски е отстранета диоптријата на повеќе од 45.000 очи, а во другите 3 клиники во Сплит, Сараево, Бања Лука, вклучувајќи ја и „Систина Офталмологија“ во Македонија, уште 13.000 очи.

На пациентите што не се кандидати за ласер поради високата диоптрија им нудиме можност за корекција со вградување посебни интраокуларни леќи (ICL). Нашите рефрактивни хирурзи се чести предавачи и инструктори на најважните европски офталмолошки конгреси и едукатори во областа на рефрактивната хирургија (БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово).

Рефракциски грешки (диоптрија)

Диоптријата претставува оптичка несовршеност на окото, односно неможност на окото да ја избистри сликата. Кратковиди сте ако јасно ги гледате предметите во непосредна близина, а сите пооддалечени предмети ви се заматени (на пример, не го препознавате лицето што ви се приближува, не може да возите без очила за вид или да гледате телевизија). Во тој случај, сликата паѓа пред рожницата (внатрешна обвивка што ги прима светлосните импулси и ги претвора во слика) и вам ви е потребна минус диоптрија за да може сликата да падне точно на ретината и да биде остра.

Далековиди сте ако не ги гледате добро предметите ни на далечина ни на близина (на пример, не го препознавате лицето што ви се приближува, не може да возите без очила за вид или да гледате телевизија, но вашата слика е заматена и при читање, кога работите на компјутер, при пишување пораки на мобилен – вашите очи се напрегаат или имате главоболка). Во тој случај, сликата паѓа зад ретината и вам ви е потребна плус диоптрија за да може сликата да падне точно на ретината и да биде остра. Имате астигматизам ако сите предмети ви се заматени и имаат сенка на близина и на далечина. Астигматизмот е всушност неправилна закривеност на рожницата.


Методи на ласерска корекција на диоптрија

Ласерската корекција на диоптрија се однесува на интервенции што се изведуваат со ласерско ремоделирање на рожницата (предната проѕирна површина на окото) за да се отстрани или да се намали диоптријата, за да се елиминираат оптичките помагала и за да се подобри видната острина. Денес постојат неколку методи на ласерска корекција на диоптрија, а основната поделба се заснова врз тоа на кој дел од рожницата се изведува (површина на рожница – PKR; средина на рожницата – LASIK).

Брзо, сигурно и безболно до совршен вид

Сите операции што се изведуваат денес се компјутерски контролирани со помош на прецизни софтверски програми. Со денешните ласери, една диоптрија се отстранува за помалку од 2 секунди. Системот за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) овозможува прецизна достава на ласерските зраци на точно одредено место, независно од микродвижењата на окото на пациентот додека работи ласерот. Поради совршено прецизните и брзи софтверски системи, сите сегашни интервенции се сигурни и повеќе од 99%. Изборот на методот денес зависи исклучиво од карактеристиките на окото, висината на диоптријата и од начинот на живот на пациентот.

Со сегашните ласери може да се отстрани диоптрија од ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндар), што значи дека дури 95% од луѓето се кандидати за интервенцијата. Кај лицата што имаат повисока диоптрија постои решение за отстранување на диоптријата со вградување на најсофистицираните леќи во очите, чии резултати се еднакво добри, а во некои случаи се подобри и од ласерската корекција на диоптрија.

Метод LASIK

LASIK (laser in situ keratomileusis) е најчесто изведуваниот метод за отстранување на диоптријата. Овој метод е и најчестиот избор на хирурзите поради високата прецизност, одличните и долготрајните стабилни постоперативни резултати, целосната отсутност на болка (за време и по интервенцијата), како и многу ретки компликации.

Методот LASIK се состои од два чекори. Во првиот чекор се формира flap (поклопец на рожницата), а во вториот чекор се редомелира површината на рожницата со ласер excimer.

LASIK со микрокератом (стандарден LASIK)

Ова е првиот развиен метод LASIK, во кој освен добра технологија, потребен е и искусен хирург за формирање flap (поклопец на рожница) со помош на микрокератом. Микрокератомот е автоматизирано електрично ноже што служи за формирање flap на рожницата. Во последните 25 години, квалитетот на изработка, брзина, прецизност и ефикасност на механичките микрокератоми постојано се подобрува, што доведе до значително зголемување на сигурноста и прецизноста на интервенцијата. Последната генерација микрокератоми што ја користиме во нашата клиника овозможува прецизно формирање flap на рожницата, правилни рабови и предвидена дебелина и облик. Постапката трае кратко, така што пациентот не чувствува ништо.

Фоторефрактивна кератектомија (PKR)

Фоторефрактивна кератектомија (PRK) е најстарата ласерска процедура за ремоделирање на рожницата, која многу се разви во текот на годините. Ремоделирањето на рожницата со ласер excimer кај методот PRK се изведува на површината на рожницата, откако ќе биде отстранет епителот (површниот обновлив слој на рожницата). Самиот оперативен зафат не е болен, но постоперативното закрепнување може да биде побавно. По правило, за нормализирање на видната острина се чека да заздрави епителот, а за целосно стабилизирање на квалитетот на видот често се потребни и до неколку седмици. Денес, механички се отстранува епителот кај повторени интервенции и кај одредени неправилности на рожницата, додека, пак, во другите случаи се применува некоја од модерните верзии на методот.

Други методи на корекција на диоптрија: вградување факични леќи

Кај лица со висока диоптрија (над ‒10,0 или +6,00); како и кај лицата кај кои на прегледот се открива дека нивната рожница (предниот проѕирен дел на окото) е претенка за да може ласерот да даде некаков ефект или имаат одредени аномалии на рожницата, поради кои ласерската корекција на диоптрија е контраиндикација, постои можност за вградување факични леќи (Implantable Collamer Lens ‒ ICL, Verisyse, Veriflex).

Факичните леќи се вградуваат во предниот дел на окото (пред или зад зеницата), без да се извади природната леќа, така што функционираат како контактни леќи во окото и токму затоа пациентот нема потреба да води никаква грижа за нив, ниту, пак, ги чувствува.

Операцијата на око се изведува со мали резови за кои најчесто не е потребно ни шиење. Таа е безбедна, не постои можност за компликации и не се отстранува ниту една структура на окото. Особено е погодна за млади лица (меѓу 20 и 40-годишна возраст), кај кои акомодацијата е нормална, т.е. лесно се приспособуваат мускулите и ја изоструваат сликата и на далечина и на близина. Исто така, оперативниот зафат е реверзибилен – леќата може да се извади од окото без дополнителни оштетувања (во случај на зголемување на диоптријата и доколку е потребно да се вгради леќа со повисока диоптрија или поради можноста за примена на нова технологија).

Постојат неколку видови такви леќи (Implantable Collamer Lens – ICL, Verisyse, Veriflex), кои овозможуваат третирање спектар на диоптрии, од –23 диоптрија до +21 диоптрија, како и 6 цилиндри (астигматизам).

Implantable Collamer Lens (ICL)

Овие леќи се вградуваат зад зеницата (помеѓу шареницата и природната леќа). Моментално се сметаат за најквалитетно решение за лицата што не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија, а нивната диоптрија се движи од ‒0,50 до ‒18, како и од + 0,50 до + 8, астигматизам (цилиндар) до 6 диоптрии. Во споредба со другите генерации факични леќи, имаат подобра оптика и погодни се и за лица со голем дијаметар на зениците. Исто така, поради положбата на леќата во окото, кај лицата што имаат висока диоптрија во минус значително се подобрува видната острина, за разлика од видната острина што се постигнува со очила и со контактни леќи. Направени се од биокомпатибилен материјал и не причинуваат имунолошки реакции, а имаат и антирефлексна и УВ-заштита.

Verisyse/Veriflex 

Леќите се вградуваат пред зеницата на шареницата. Даваат одличен квалитет на видот кај лица со висока диоптрија, а денес се вградуваат кога диоптријата ги надминува параметрите што се наведени за леќите ICL, како и кај лица што имаат слаби помошни апарати на очите што не се во можност да ја држат леќата зад зеницата. Овие леќи постојат повеќе од 20 години на пазарот, а со нив искуството во светски рамки е најголемо, што укажува на одлични резултати и сигурност на операцијата.

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.
4.270,00

Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.
3.100,00

Контролен постоперативен преглед

Преглед три месеци по ласерска корекција на диоптрија.
1.140,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око. Акцијата важи до 31.08.2019
39.980,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око. Акцијата важи до 31.08.2019.
31.000,00

Имплантација на Verysize/Veryflex

Факична интраокуларна леќа во предна комора. Цената се однесува на едно око.
92.250,00

Имплантација на ICL

Факична интраокуларна леќа во задна комора. Цената се однесува на едно око.
110.700,00

Цените се изразени во денари.