Контакните леќи ослободуваат од носење очила, но доколку не се води грижа за нив, се појавуваат голем број на инфекции и компликации.

 

Спиење со контакни леќи

Солзниот филм го влажни окото и ја храни рожницата со кислород. Со трепкање се лачат солзи, а кога окото е отворено доаѓа во контакт и со кислородот од воздухот. Кога спиеме, нема размена на солзи (затоа што не трепкаме), но исто така окото е затворено и размената на солзите е намалена. Спиењето со леќи, дополнително ја покрива рожницата и нема доволно кислород. Воедно, нема размена на солзи и страда од недостаток на кислород (хипоксија) и сувост.

Кај лицата кои долго носат контакни леќи (било тоа да се тврди, полутврди или меки), поради механичко дејство на леќата (притисок врз рожницата, особено ако окото е суво или несоодветна леќа се користи во окото), рожницата може да добие неправилна форма и може да има некои карактеристики на  кератоконус и пациентите се жалат на ослабен вид. Кератоконус е состојба на рожницата, која се испакнува во вид на конус. Првичните симптоми се отежнато фокусирање навечер, расејување на светлината околу светлосен извор во вид на халоа или ѕвезди. На дневна светлина, пак, се јавува фотосензитивност или пречувствителност на светлина.

Поради тие причини не е препорачано да се спие со контакни леќи.

 

контакни леќи - Thanks to https://unsplash.com/@eliapelle

 

Лицата кои носат контакни леќи имаат помала интолеранција кон инфекција на очите

Секоја контакна леќа е како туѓо тело во окото и може да предизвика сериозни компликации. Доколку се носат контакни леќи при туширање и контакната леќа дојде во допир со водата може да се предизвика воспаление на рожницата од паразитот акантамоба. Воспалението е потешко за третирање и најсериозната компликација до која може да доведе е трансплатација на рожница. Поради тоа е од големо значење самото едуцирање пред да се носат контакните леќи.

 

Сувото око најчесто се појавува кај лицата кои носат контакни леќи

Модерниот начин на живот кој вклучува климатизирани простории, долга работа пред екран, побрзо ја развива сувоста на окото. Сувото око се појавува и кај лица кои не носат контакни леќи, но најчесто тоа е кај лицата кои носат контакни леќи. Лицата кои носат контакни леќи како симптоми на суво око ги наведуваат : неможност да се носат контакни леќи подолго од 2 часа, чувство како да има туѓо тело во окото, гребкање или како да имаат песок во окото. Доколку се почувствува некаква чудна состојба во окото, веднаш треба да се извадат леќите и да се закаже преглед во најбрз можен рок.

 

Носење на контакните леќи по истекот на нивниот рок

Прва и основна работа кај користење на контакни леќи е нивниот рок на траење. Доколку леќата се носи подолго од што треба, нејзините карактеристики се менуваат и се таложат разни наслаги кои предизвикуваат инфекции.

 

Решение против инфекција од контакни леќи

За да не се случуваат инфекции од контакните леќи, најпрво секое лице кое сака да носи таков вид на леќи треба многу да се информира за одржувањето на истите и кои се позитивните и негативните страни од носење на контакни леќи.

Да се носат контакните леќи краток период во денот, само кога е тоа задолжително и да се вадат пред спиење.

Доколку диоптерот е нешто што сака пациентот да го остраните и да не се грижи за инфекции или компликации од носење на контакни леќи, може да направат ласерска корекција на диоптрија. Ласерската корекција на диоптрија е начин на кој на едноставен и безбеден начин се ослободувате од контакни леќи и очила деи нема грижа за инфекции од контакни леќи.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00
2.135,00

*Акцијата важи до 30.04.2021 г.

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.