Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

Како да се справите со стресот во време на неизвесност?

„Без оглед колку и да е тешка ситуацијата, треба да користиме наука и човечка генијалност со решителност и храброст за да ги надминеме проблемите со кои се соочуваме. Соочени со закани по нашето здравје и благосостојба, природно е да чувствуваме вознемиреност и страв. Сепак, имам голема утеха и мудар совет за вас: Ако треба да се стори нешто – направете го тоа, без потреба да се грижите; ако нема што да се стори, понатамошната грижа нема да ви помогне и олесни.“ – Далај Лама

Во овој момент, светот се справува со невидена ситуација која нѐ изненади сите Ковид -19. Никој од нас не беше подготвен за тоа и не знаеме како ќе изгледа нашата блиска иднина.

Кога се појавуваат ситуации како пандемијата Ковид – 19, нештата одеднаш се надвор од наша контрола. Моментално, нашите рутини и нашето секојдневие се тотално променети и нормално е тоа да не ни се допаѓа и да сме несигурни што ќе биде понатаму со нашиот живот.

Меѓутоа, во вакви ситуации, постои една работа што можеме да ја контролираме, а тоа е како да се справиме со тоа. Како ќе одбереме да реагираме на оваа неизвесна ситуација, на крајот ќе влијае на тоа како ќе се справиме и закрепнеме од истата.

Ова се неколку совети кои може да ви помогнат:

Останете позитивни

Природно е во време на загриженост да се фокусирате на негативните работи. Ова нѐ води до стрес и вознемиреност.  Но, наместо тоа, трудете се да го замислите позитивниот исход. Мислете на работите со чиста глава, дишете длабоко и обидете се да останете мирни.

Гледајте ја секогаш големата слика

Иако можеби ќе се преокупирате со вашите мисли, обидете се да престанете да се фокусирате на она што не можете да го контролирате. Обидете се, да размислите што можете да контролирате во животот и да одморите од сè друго. Ако глобалните настани ве загрижуваат, избегнете ги медиумите и охрабрете ги пријателите некое време да ја сменат темата на комуникација.

gledajte ja golemata slika sistina oftalmologija

Бидете правилно и точно информирани

Важно е да бидете информирани за најновите вести и случувања во неизвесни ситуации, но бидете сигурни дека вашите извори се сигурни и точни. Бидете внимателни во врска со она што го читате на Интернет, особено коментарите и написите што се споделуваат на социјалните медиуми. Обидете се да ограничите колку пати ја проверувате веста затоа што тоа може да ја зголеми вашата вознемиреност, особено пред спиење кога треба да се релаксирате и да имате добар сон.

Бидете во тек со сите информации за коронавирусот на www.koronavirus.gov.mk

Создадете нова рутина

Училиштата се затворени, не се гледаме со пријателите, сменете ни се работните обврски, но направете си нова рутина – квалитетен сон и избалансирана исхрана, искористете го ова време за да направите нешто проактивно, како учење нови работи и вештини или читање книга. Одржувањето на рутина е особено важно ако имате деца дома – можеби нема да разберат целосно што се случува, но ќе забележат како вие реагирате на ситуацијата.

Сега е време да ги направите сите оние работи за кои претходно немавте време.

Научете да ги пуштите работите кои ви се надвор од контрола

Обидете се и прифатете дека не можеме да контролираме сѐ во животот. Несигурноста не е идеална, но сепак, сме создадени да бидеме силни и можеме да прифатиме и толерираме што и да ни се случува. Ситуацијата ќе се реши наскоро и додека се случи тоа, можеме само да контролираме како да се справиме со новите рутини и секојдневие. Запаметете, бидете добри спрема себе и блиските околу вас.

Грижете се за вашето здравје, тело и дух – тоа се најважните работи кои ги имаме.