Ласерска корекција на диоптрија е кратка и безболна интервенција која трае само 5 минути од око и за само неколку дена се враќате на секојдневните обврски.
Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19
ПовеќеКандидати за оваа интервенција се:
- Лица од 18 до 40 години;
- Лица со диоптрија од +6 до -10 диоптрии, и цилиндер (астигматизам)*;
- Лица со стабилна диоптрија мин. 1 година;
- Лица кои немаат други состојби на очите кои се контраиндикација за ласерската корекција на диоптрија.**
*Во одредени случаи, може да се корегира и повисока диоптрија од наведената.
** Други очни состојби кај кои не се препорачува ласерската корекција на диоптрија: кератоконус, катаракта, старосна диоптрија (пресбиопија), крварење во око.
Како до ласерска корекција на диоптрија?

1. Преглед за ласерска корекција на диоптрија
Потребно е да се направи преглед за ласерска корекција на диоптрија кој трае околу два часа на кој се проверува дали сте вие кандидат или пак друга метода за корекција на диоптрија е поосодветна за вас. Пред самиот преглед, многу е важно да мирувате од носење на контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Доколку носите меки контактни леќи, потребно е да се мирува од нив мин. 3 дена пред прегледот, додека полутврди или тврди контактни леќи тогаш мин. 7 дена пред прегледот. Во меѓувреме може да се носат очила.

2. Интервенција ласерска корекција на диоптрија
Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Во овој период се прави повторна проверка на состојбата на видот и окото. Офталмологот повторно ги објаснува чекорите на интервенцијата. Самата интервенција трае само 5 минути од око. Таа е комплетно безболна – се става локална анестезија во вид на капки и пациентот не чувствува болка. Вие сте будни и разговарате со офталмологот и ги следите неговите насоки. Постапката е комплетно безбедна и си одите дома уште истиот ден.

3. Период на закрепнување
Периодот на адаптација односно постоперативна нега на ласерска корекција на диоптрија е од 3 до 7 дена. Следниот ден е прва задолжителна контрола, а следна контрола е после неколку дена врз основа на проценката на вашиот офталмолог. Овие прегледи служат за да се следи стабилизрањето (адаптирање) на вашиот вид и зараснувањето на флапот на рожницата. Ограничувањата по интервенцијата се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на офталмологот. Многу се важни вашата професијата и стил на живеење. Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Искуства на пациенти
Цени
Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, контроли и терапија во следните три месеци.
Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.
Ласерска корекција на диоптрија – ПРК
Цената се однесува на едно око.
39.980,00
Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК
Цената се однесува на едно око.
31.000,00
Локации на центри
Систина Офталмологија Скопје
ул. Скупи бр.5А, Скопје (во склоп на КБ Аџибадем Систина)
Систина Офталмологија Битола
ул. Никола Тесла бр.158, Битола
Систина Офталмологија Тетово
бул. Видое Смилевски Бато бр.1 -1/3, Тетово
Систина Офталмологија Штип
бул. ЈНА бр. 2, Штип