Проверка на дијабетес
 
 

Дијабетичната ретинопaтија е денес најчеста причина за слепило меѓу работоспособното население на возраст од 30- 60 години, во развиените земји. Бројот на заболени од дијабет е во пораст, а особено загрижувачки е порастот на деца со тип 2 дијабетес кое е пропорционално со пораст на бројот на дебели деца.

Дијабетесот е хронична, ендокринолошка болест која преку повеќе различни механизми влијае на функционирањето на сите органи во телото. Освен развојот на системски компликации, многу важни, а често и предводници на компликациите се оние на очите.

Суво око

Пациентите со дијабетес секогаш имаат суво око, а често и хронични блефаритиси. Сувоста на очите често е прв знак за постоење на неуропатија или оштетување на периферните нерви, која промена понатаму доведува до потхранетост на ткивата односно трофички промени. Од друга страна, вишокот на шеќер во солзите претставува подлога за размножување на бактерии што често доведува до хронични воспаленија на капаците и јачменчиња. Лошо контролиран дијабет ретко доведува и до појава на рани на рожницата (улкуси) кои слабо реагираат на антибиотска терапија и споро зараснуваат.

Пациентите со дијабет можат да бидат кандидати за ласерска корекција на диоптрија само ако имаат добро регулиран шеќер преку целиот ден и немаат никакви знаци за постоење на суво око. Шеќерот има позитивен ефект на цврстината на рожницата кај пациентите по ласерска корекција на диоптрија или пациентите со кератоконус, поради меѓусебната реакција на колагенот и шеќерот кој ја прави крос линкинг.

Катаракта

 Лоша контрола на нивото на шеќер во крвта доведува до зголемување на шеќерот во очната вода. Природната леќа во окото плива во очната вода и се снабдува од неа со кислород и шеќер. Висок шеќер доведува до акумулација на истиот во самата леќа и тоа транзиторно доведува до замаглување на видот и променливост на диоптријата кај пациентите со дијабетес. Долгорочно висока акумулација на шеќер во леќата доведува до катаракта. Катаракта кај дијабетичарите настанува порано отколку кај оние кои нмаат дијабет. Важно е дека операцијата на катаракта кај дијабетичар носи секогаш ризици повеќе и треба да се оперира во раната фаза (кога се уште не е зрела).

Пореметување во движењето на очите

Нагло настанати дупли слики кај пациенти со дијабет, веднаш наведуваат на сомнеж дека настанала исхемија (недостаток на кислород), поради нарушена циркулација во окуломоторните нерви. Таквата состојба многу често е транзиторна и поминува после неколку недели. Секогаш при појава на дупли слики неопходен е комплетен преглед на видната функција и движењето на очите во 9 насоки. Освен тоа, важно е да се исклучи друг процес во главата кој би можел да доведе до компресија на зафатениот нерв.

Освен овие состојби, постојат и други состојби кои може да настанат и на кои треба да внимавате. Во следниот текст, ќе објаснам како настанува дијабетичната ретинопатија, и каква е поврзаноста на глаукомот и дијабетесот.

Доколку не сте во можност да дојдете на преглед, а ви е потребна консултација за вашата очна состојба, нашите офталмолози ви се достапни преку услугата „Онлајн консултација со доктор“.

Прочитајте: [II дел] Како нерегулираниот шеќер ги оштетува очите?

 

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.