Гоце Мирчевски (ласерска корекција на диоптрија)

По стапките на неговата сестра, Гоце Мирчевски (33 год.) ја направи ласерската корекција на диоптрија во нашата клиника откако беше утврдено дека диоптријата му е стабилна и дека ги исполнува сите критериуми за да ја направи.

Лица над 18 години со стабилна диоптрија од минимум една година може да ја направат оваа интервенција.

„Сестра ми ја правеше ласерска корекција на диоптрија во оваа болница пред неколку години. Гледајќи како сѐ помина и јас се решив. Немав некој голем проблем, ама ме нервираа очила. Прв пат кога дојдов направивме преглед но според резултатите д-р Илир ми објасни дека мора да направиме контрола на диоптрија за оптрилика два до три месеци. И така направивме – дојдов на контрола и направивме повторно детален преглед и д-р Илир ми даде зелено светло за интервенцијата. Задоволен сум од резултатите по интервенцијата. Особено многу ми беше важно да не се малтретирам со очилата затоа што возам и многу ми сметаат. Понатаму, контролите ги презеде д-р Фанка. Супер беше сѐ! Препораки давам за оваа операција на сите во оваа болница – имате цел тим кој ја следи вашата состојба и ќе направи сѐ за да најде решение за вашиот проблем. Животот ми е олеснет без очила!“