Нашите очи, по долгиот и напорен работен ден се уморни. Секојдневното читање на многу информации и работата на компјутер, создава постојана напнатост на очите. За да не дојде до претерано сушење на очите, црвенило и заматен вид, кои се причина за многу очни заболувања, ќе ви предложиме повеќе едноставни вежби за одморање на очите.

На тој начин ќе ги зајакнете очните капаци, ќе ја подобрите циркулацијата на крвта и на интраокуларната течност и ќе ги релаксирате мускулите на очите.

  • Затворете ги очите и опуштете се. Темнината ги зајакнува фоторецепторните клетки во очите, што помага да се одржи добриот вид
  • Брзо трепкање во рок од две минути ја подобрува циркулацијата на крвта
  • Затворајте ги очите на секои два или три часа на неколку минути. Потоа тријте ги дланките додека не се загреат, па покријте ги очите со дланките. По една минута отворете ги очите.
  • Затворете ги очите цврсто на неколку секунди, а потоа широко отворете ги. Додека вежбате седете исправено. Вежбата повторете ја десетина пати.
  • Фокусирајте го погледот низ прозорецот на некој објект. Потоа вратете го на некоја замислена точка на прозорецот , можете и да ја нацртате. Вежбата повторете ја пет – шест пати.
  • Додека шетате обидете се да го фокусирате погледот на далечни предмети, а не на вашите нозе или на нешто пред вас.
  • Масирајте ги очите со нежно притскање на горните очни капаци. По неколку секунди отстранете ги прстите од очните капаци. Со ваква масажа може да ја подобрите циркулацијата на интраокуларната течност.
  • Масирајте ги слепоочниците. Со користење на палецот во кружни движења масирајте ги слепоочниците во мали кругови, десетина пати во една насока и уште толку пати обратно. Повторете го истото движење над средната точка на веѓите во челото, потоа под очите на двете страни на мостот на носот.
  • Исплакнете ги очите кога чувствувате дека се уморни. Во утринските часови тоа може да го направите со топла, а потоа со студена вода. Во вечерните часови, по обратен редослед, со студена па со топла вода. Во текот на денот може да ги плакнете со млака вода.
  • Исправете ја раката пред вас и гледајте во палецот. Доближувајќи го палецот кон носот, постојано гледајте во него. Повторете ја вежбата десетина пати.
  • Полека ротирајте ги зениците на очите, четири вртења во насока на стрелките на часовникот и уште толку вртења во спротивна насока.
  • Полека движење ги очите од лево кон десно, и од десно кон лево.
  • Ставете ја главата наназад, затворете ги очите и релаксирајте се три минути. Вежбата може да ја доживете како мини дремка.

  • Обидете се да не гледате во екранот од компјутерот, телефонот или телевизорот најмалку два часа пред спиење.

Од горе наведените вежби, одберете најмалку четири или пет, што секојдневно ќе ги повторувате. На тој начин ќе ги заштите од премор вашите очи и ќе имате одморен вид.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.