Димитар Кралев (операција витректомија)

Д-р Илир Османи и Димитар Кралев

Димитар Кралев (47 години) имаше крварење во окото кое можеше да се третира само со операција витректомија. Витректомијата е сложена операција со која се санира крварењето за да се овозможи зачувување на преостанатиот вид. Оваа операција е покриена од Фондот за здравство.

„Имав крварење поради кое видот ми се влоши и бев доста исплашен за состојбата на левото око. По препорака дојдов во „Систина Офталмологија“ кај д-р Илир Османи на преглед и веднаш закажавме операција. Ова ми беше прва операција во животот и ми беше страв, но ништо не почувствував. Операцијата траеше околу час време и целиот тим беше многу љубезен и внимателен со мене. На првата контрола по операцијата, забелеав позитивни промени и докторот ми потврди дека се е во ред! Сега се чувствувам како нов човек и сум презадоволен. Препорака до сите кои што имаат проблем со видот – да се упатат во оваа клиника и навреме да го решат проблемот, за да не биде предоцна.“