
Модерното време ги направи децата и компјутерите неразделни. Новите генерации растат со современата технологија, која има многу предности, но исто така и мани, штетна е не само кога е во прашање психофизичкото здравје, туку може значително да го наруши и видот. Децата многу време поминуваат пред современите гаџети и други дигитални уреди, така што треба да знаете какво влијание имаат и како да ги заштитите вашите деца oд нив.
Дигиталните уреди емитуваат
1. Дигиталните уреди емитуваат т.н. сина светлина која може да го зголеми ризикот детето кога ќе порасне да заболи од макуларна дегенерација, т.е. за болување на дел од окото.
Иритација на очите
2. Иритација може да се јави и од намалениот проток на солзи во окото, бидејќи детето кога гледа во екран помалку трепка, па поради тоа окото да станува посуво.

Колку време да се поминува пред дигитални уреди?
3. Доколку детето поминува многу часа пред компјутер, постои поголема шанса кога ќе порасне да му се појави миопија, односно кратковидост.
4. Секои 20 минути вашето дете би требало да ги тргне очите од компјутерот и барем 6 метри да биде одалечен од нив.
Поликарбонатски леќи
5. Се препорачуваат специјални очила додека тоа гледа во екран. Oчилата со поликарбонатски леќи нудат највисок степен на заштита од зрачењето на екраните и им овозможуваат јасен вид. Многу очила имаат леќи кои ја задржуваат сината светлина и истите можат да се носат во текот на многу активности на детето.

Социјализација
6. Социјализирајте го. Повеќето активности нека ги прави со другарчиња, братот, сестрата. Доколку се чувствува осамено, ќе посегне по компјутерот. Затоа, направете да му е интересно и надвор од дома. Помогнете му да се запознае со другарчиња во парк или во маало и да намали со користење на дигитални уреди.