Кога помислуваме на ширење на зеници, прво што помислуваме е очен преглед каде што офталмолог ни шири зеница (мидријаза). Но, зениците и природно ни се шират секој ден во зависност колку светлина поминува низ леќата и ни помага да се фокусираме.

Исто така, кога е во прашање психолошки момент како што е стравот, изненадување или кога гледаме во лицето на тој кој не интересира, зениците се шират.

Вистина е дека зеници се шират кога сме вљубени. Следниот пат кога ќе го погледнете вашиот партнер, имајте го ова на ум.

Мускулот на ирисот, кој е задолжен за ширењето на зеницата, е контролиран од автоимуниот нервен систем. Кога имаме неочекувани чувства кон некого или кога гледаме некоја преубава глетка, зениците сами се шират за да го видиме детално тоа што ни го привлекува вниманието.

Но, не секогаш значи дека ако зениците се проширени значи дека некој е вљубен во нас. Кога ќе се погледнеме и забележиме дека едната зеница е проширена, за разлика од другата, може да е знак дека нешто не е во ред со телото или самото око.

Тука може да е во прашање анизокорија. Анизокорија значи дека пациентот има нееднаква големина на зеници. Едната зеница може да е поголема од нормалната т.е. проширена, или едната зеница може да е помала од нормалната т.е. тесна, што доведува до нивен нееднаков изглед. Причините за значителна или посериозен тип на анизокорија (едната зеница да е поголема од другата за повеќе од 1,0 мм) се следните:

 

  • Траума на окото:
  • Одредени лекови за очи
  • Воспаление на ирисот: Iritis (преден увеитис)
  • Adie’s tonic зеница
  • Невролошки нарушувања.

Во ваковј случај, пациентот задолжително треба да посети офталмолог, особено ако ги има следните симптоми:

  • Птоза (спуштање на очниот капак)
  • Дупли слики
  • Губење на вид
  • Главоболка или болка во вратот
  • Болка во очите
  • Сегашна повреда на главата или окото

Како заклучок може да кажеме дека зениците се шират кога сме вљубени. Но, мора да внимаваме на другите симптоми.

Гледајте ги очите на вашиот сакан и доколку забележите дека зениците се проширени, прашајте го/ја дали имаат некој симптом од горенаведените.

Доколку одговорот е позитивен, веднаш закажете преглед на офталмолог. Доколку е негативен, уживајте во љубовта.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.

Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.

Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.