Офталмолозите на Систина Офталмологија на осмиот меѓународен симпозиум на фондацијата “Национална академија за глауком”.

Во рамките на осмиот меѓународен симпозиум на фондацијата “Национална академија за глауком”, одржана на 25-ти април 2015 година во Софија, Систина Офталмологија партиципираше со свое излагaње.

Имено, д-р. Виолета Бучковска и д-р Илир Османи ги презентираа искуствата во третманот со EYLEA. Инаку нашата очна клиника е прва и единствена во Република Македонија што ја применуваа најновата и во светски рамки најефикасна терапија, која се користи во лекување на васкуларните болести на очите, кои се придружени со неоваскуларизација (PDR, венски тромбози, ADRM).

“За нас исклучително значење имаа излагањата на еминентни офталмолози, како што е познатиот витрео-ретинален хирург Николаkопoлос,професор на катедрата по офталмологија при Универзитетската болница “Папаниколау”, Солун, Грција, како и реномирани професори од катедрата по офталмологија од Универзитетот во Базел, Швајцарија.” – истакна д-р Бучкоска.