Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

Често поставувани прашања – ЧПП

За работењето на болницата

Кое е работното време на болницата?

Работното време на:

  • „Систина Офталмологија“ – Скопје е од понеделник до петок од 08:00 до 20:00 часот
    „Систина Офталмологија“ – Битола е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, среда од 13:00 до 20:00 часот.
  • „Систина Офталмологија“ – Гостивар од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот
  • „Офталмологија Тетово“ од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот

Известувањето за работното време го објавуваме на нашата интернет страница, заедно со евентуалните измени.

Каде можам да ве најдам?

Подетални информации за нашите локации имате на следниот линк: https://sistinaoftalmologija.mk/za-nas/

Како може да ве исконтактирам?

Може да не исконтактирате на повеќе начини:

Нашите контакт телефони на нашите центри се:

  • „Систина Офталмологија“ – Скопје +389 2 3097 000, +389 70351 008
  • „Систина Офталмологија“- Битола +389 47 226 900, +38970 355 900
  • „Систина Офталмологија“ – Гостивар  +389 42 210 800, +389 72 809 800
  • „Офталмологија Тетово“ – Тетово +389 44 357 111, +389 72 799 111

Електронска пошта: contact@sistinaoftalmologija.mk

Фејсбук профил: SistinaOftalmologija

Инстраграм профил: sistinaoftalmologija

Нашата интернет страница преку четот на оваа интернет страница (прозорчето од десната страна најдоле).

На кој јазик може да комуницирам со вашите вработени?

Со оглед на тоа дека „Систина Офталмологија“ има пациенти од целиот регион, нашиот персонал зборува 5 јазици: македонски, англиски, турски, албански и српски. На ваше барање, медицинската документација, може да се преведе само на англиски јазик.

Каде да се обратам за вработување во вашата болница?

Активните огласи можете да ги најдете објавени на нашата интернет страница во делот на Новости. Доколку и Вие имате желба, знаење и ентузијазам, сакате да станете дел од нашиот тим и да работите во динамична работна средина со амбициозен тим, испратете ја Вашата биографија и мотивационо писмо на е-пошта: kariera@sistinaoftalmologija.mk или по пошта на: ПЗУ „Систина Офталмологија“, ул.Скупи 5А, 1000 Скопје

Вашата биографија ќе биде внесена во нашата база на податоци како потенцијален кандидат и ќе биде разгледана во Одделот за човечки ресурси.

Дали соработувате со ФЗОРСМ?

Прегледите се наплатуваат приватно. Соработка со ФЗОРСМ имаме за одреден тип на интервенции. Подетални информации може да прочитате на:  https://sistinaoftalmologija.mk/sorabotka-so-fzo/

Со кои осигурителни компании имате склучено Договор?

  • Триглав Осигурување АД Скопје – Македонија
  • Сава Осигурување – Македонија
  • Еуролинк – Македонија
  • Кроација АД Македонија
  • Халк Осигурување  – Македонија
  • GBG – САД
  • CIGNA – САД

Што доколку не сум во можност да дојдам на преглед, контрола кај вас или потребно ми е второ мислење од офталмолог (пр. живеете во странство, имате одреден здравствен проблем, страв од пандемија)?

Доколку не сте во можност да дојдете во нашата болница, можете да направите Онлајн консултација со очен доктор. Оваа услуга ќе ви овозможи од безбедноста и удобноста на вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега.

Вие бирате:

  • типот на консултација кој го сакате (консултација за преглед, интервенција или според дијагноза),
  • терминот.

Истата трае максимум до 15 минути.

Начинот на одвивање и наплата е електронски. 

Повеќе информации на следниот линк: https://sistinaoftalmologija.mk/onlineuslugi/

Прегледи на пациенти

Како да закажам преглед?

Преглед може да закажете на нашите телефонски броеви, електронска пошта, нашата интернет страница, фејсбук и инстаграм профили.

Подетални информации на следниот линк: https://sistinaoftalmologija.mk/za-nas/#kontakt

Што ви сочинува првичниот преглед и колку чини?

Првичниот преглед кај нас е основен офталмолошки преглед во кој е вклучено мерење на очен притисок, одредување на видна острина, компјутерско одредување на диоптрија и преглед на преден сегмент на око. Во истиот е вклучено разговор со доктор за вашата дијагноза, совет за понатамошен третман, извештај и рецепт за очила/леќи, доколку е потребно. Основниот офталмолошки преглед чини 1000 денари.

Кој е подетален преглед и колку чини?

Во зависност од состојбата се прави детален супспецијалистички преглед во кој е вклучено мерење на очен притисок, одредување на видна острина, рефракција (компјутерско одредување на диоптрија), преглед на преден и заден сегмент на око (очно дно). Во истиот е вклучено разговор со доктор за вашата дијагноза, совет за понатамошен третман, извештај и рецепт за очила/леќи доколку е потребно. Деталниот супспецијалистички преглед чини 1650 денари.

Дали дополнителните испитувања се доплаќаат?

Дополнителните испитувања како што се Ехографија/Биометрија, ОЦТ, Пентакам, Видно поле, ФФА се наплатуваат дополнително.

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Каков е прегледот за ласерска корекција и колку чини?

Преглед за ласерска корекција на диоптрија е најдетален офталмолошки преглед. Се прават повеќе испитувања како: рефракција (компјутерско одредување на диоптрија), одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на преден и заден сегмент (очно дно), анализа на рожница со Пентакам. Во истиот е вклучено разговор со доктор за вашата дијагноза, совет за понатамошен третман и извештај. Поради својата деталност трае подолго време до два часа. Прегледот чини 4270 денари.

Каков е прегледот за катаракта и колку чини?

Предоперативен преглед за катаракта е целосен и детален преглед, во кој е вклучено: рефракција (компјутерско одредување на диоптрија), одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед преден и заден сегмент на око (очно дно), ехо/биометрија, IOL master. Во истиот е вклучено разговор со доктор за вашата дијагноза, совет за понатамошен третман и извештај. Поради својата деталност трае подолго време до два часа. Прегледот чини 2400 денари.

Дали прегледите се безболни?

Да, прегледите се сосема безболни.

Треба ли да дојдат со придружба на прегледот?

Доколку правите подетален преглед, на кој што ќе ви биде матен видот два часа после прегледот, пожелно би било да дојдете со придружба од една личност и да не возите автомобил.

Дали можам да дојдам на преглед и без да имам закажано?

За прегледот потребно е да имате закажано, но постои исклучок во ситуации на итност. Во тие случаи сепак се почитуваат веќе претходно зажаните термини на останатите пациенти.

Ласерска корекција на диоптрија

Може ли дете да ја направи оваа интервенција?

Лицето треба да биде полнолетно за да ја изврши оваа интервенција. Не се препорачува на деца под 18 години, бидејќи окото сè уште се развива и диоптерот се менува. Окото расте и се развива додека се развива и човекот. Родени сме со око 16 милиметри. До тригодишна возраст окото расте до 23 милиметри, а за време на пубертетот кога ќе заврши и растот на очите, очното јаболко нормално достигнува должина од 24 милиметри.

Зошто не можам да направам ласерска корекција на диоптрија ако имам 45 години?

По четириесеттата година се развива пресбиопија или старечка далековидост, која е дел од природниот процес на стареење на окото. Ако дотогаш сте гледале добро или се далековиди, наеднаш почнува да ви слабее видот на близина, т.е. „рацете ви стануваат кратки“. Последователно, почнува да слабее и видот на далечина. Поради овој процес ласерската корекција не е соодветно решение, затоа што може да се појави и почетна катаракта. Кај овие пациенти има друго решение – имплантација на мултифокални интраокуларни леќи (повеќе за нив ќе прочитате во делот на старосна диоптрија).

Доколку имам менструација, дали може да ја правам интервенцијата?

Можете, менструацијата не е пречка.

Можам ли да вежбам по интервенцијата?

По интервенцијата две до три недели, можете да започнете со лесни вежби како што се трака за трчање, возење на статичен велосипед, но сепак, треба да се внимава потта да не ви влезе во очите. По еден месец можете да пливате во море или базен. Потешко физичко вежбање, како што е теретана или контактни спортови можете да започнете еден месец по интервенцијата.

Колку долго после ласерската операција не треба да ја мијам косата?

За време на првите неколку дена по интервенцијата (по можност 5 дена), треба да се избегнува плакнење и контакт со вода од чешма, бидејќи во истата постојат микроорганизми што претставуваат потенцијален ризик да предизвикаат инфекција на свежо оперираното око.

Зошто пред прегледот за ласерска корекција се отстрануваат меките контакти леќи 3 дена, а тврдите или полутврдите 7 дена?

Бидејќи вршиме детални снимања на рожницата и за релевантноста на корнеалната топографија, потребно е отстранување на леќите минимум 3 дена (за меки) или 7 дена (за тврди леќи), за да се опорави рожницата. До тогаш носете си ги очилата и со нив може слободно да дојдете на преглед.

Колку време по прегледот можам да ја направам интервенцијата?

Денот за интервенција заеднички го договарате со вашиот офталмолог.

Ако имам покачен очен притисок, можам ли да ја направам интервенцијата?

Одговорот на ова прашање не може да се генерализира. Тоа е индивидуално и зависи од тоа колку е висок интраокуларниот притисок кај секој пациент посебно. Глаукомот е болест која треба да се следи постојано. Ако состојбата е стабилна и нема прогресија, тоа не е контраиндикација за интервенцијата. Во зависност од состојбата на видното поле и очниот нерв, вашиот офталмолог ќе ви го препорача најдобро решение.

Ако имам кератоконус можам ли да ја направам интервенцијата?

За жал, не.

Дали треба да носам очила за сонце и дома по ласерска операција?

Очила за сонце носите само кога ја напуштате болницата по интервенцијата, сѐ додека не стигнете до дома. После тоа, нема потреба. Причината за тоа е чувствителност на дневната светлина на окото по интервенцијата.

Ако имам дијабетес можам ли да ја направам интервенцијата?

Може, ако очната позадина е здрава тоа не е контраиндикација.

Треба ли за преглед или за интервенција да ги извадам вештачките трепки?

За преглед нема потреба, додека за интервенцијата е неопходно.

Колку време по интервенцијата не смеам да се шминкам?

Маскара и туш за очи треба да се избегнуваат 3 недели по интервенцијата.

Ако менструалниот циклус се стабилизира и јас сè уште дојам, дали можам да направам ласерска корекција на диоптрија?

Не. Ласерската корекција не се препорачува за време на доењето и сѐ додека не се стабилизира менструалниот циклус по породувањето.

Колку долго после интервенцијата треба да избегнувам задимени и прашливи простории?

Препорачливо е да се избегнуваат задимени простории 2-3 недели по интервенцијата.

Може ли повеќе пати да се направи ласерска корекција на диоптрија?

Може. Кај многу мал број на пациенти (помалку од 1%) можно е да се поврати диоптријата и во зависност од состојбата на окото, може да се изврши повторна интервенција.

Што доколку не сум вистински кандидат за ласерска корекција на диоптрија?

Ако поради одредени индикации (на пр. диоптрија над -10 или +6 и ± 6 цилиндар (астигматизам), недоволна дебелина или структурни промени на рожницата), не сте кандидат за ласерска корекција на видот, можно е да се изврши друг вид операција за отстранување на диоптрија што вклучува имплантација на фаќични леќи.

Ако по четиересеттата година, имате заматување на леќата на природната леќа на окото (катаракта или перде)  и/или сакате да се ослободите од диоптријата за блиску и далеку, решение е да се имплантираат мултифокални леќи или леќи со проширен распон на вид.

Дали боли ласерската корекција на диоптрија?

Интервенцијата е сосема безболна, бидејќи пред постапката, на пациентот му се капе локална анестезија со капки.

Што ако трепнам за време на постапката или го помрднам окото?

Држачот на очните капаци го спречува трепкањето на очите, а бидејќи пред постапката се капе анестезија и трае само неколку минути, чувството на непријатност е многу минимално. Ласерот е опремен со систем за следење на микро-поместувањата на окото што реагира во милисекунди. Ако пациентот го движи окото, ласерот автоматски престанува да работи. Ласерот е програмиран да испушта воздух само до точно одреденото место.

Можам ли да ослепам за време на интервенцијата?

Самата постапка за отстранување на диоптријата се изведува на површината на окото (на рожницата), а сите центри за вид се наоѓаат во задниот дел на окото, така што нема можност ласерот да предизвика слепило. Ласерот работи на принцип на ладно испуштање на светлина што не може да го оштети околното ткиво или да навлезе подлабоко во окото отколку што е потребно.

Дали ласерската корекција на диоптрија е трајна?

Резултатите од ласерската корекција се трајни во 98% од случаите. Кај екстремно високите диоптрии, во помалку од 2% од случаите, евидентирани се враќање на далеку пониски диоптри отколку што биле пред ласерската корекција. Како и да е, дури и кај овие лица, ако ја направиле пред 10 години, со денешната технологија е можно да се повтори интервенцијата без дополнителен ризик за очите. Враќањето на диоптрија не е резултат на лошо извршената процедура, туку  заради лични, генетски и еколошки фактори на секој пациент посебно (понатамошен раст на диоптријата како резултат на генетски фактори, неправилни процеси на заздравување и долотрајна работа на блиску).

Дали може со постапката да се острани и цилиндарот (астигматизам)?

Да, ласерот отстранува до +6 цилиндар. Цената на интевенцијата е иста без оглед на тоа дали лицето има сферичен диоптер или цилиндар или комбинација на двете.

Имам диоптрија -13, можете ли да ми помогнете?

Доколку имате диоптрија поголема од -10 или +6, постои можност да се имплантираат факични леќи во окото. Факичните леќи се вградуваат над природните леќи и целосно го решаваат проблемот со диоптријата. Важно е да се направи детален преглед за ласерска корекција на диоптрија со сите испитувања, за да се види кои леќи би биле најдобро решение.

Смеат ли трудници да прават ласерска корекција на диоптрија?

За време на бременоста, телото на жената, вклучително и очите, претрпува многу хормонални промени. Ласерската корекција на диоптрија се смета за дел од естетска хирургија (по избор на пациентот) и се препорачува да не се врши за време на бременоста и доењето. Оптимално планирање на интервенцијата кај жени кои планираат бременост ќе биде 2-3 месеци пред бременоста или по стабилизирање на менструалниот циклус по породувањето.

Дали сувоста на окото по интервенцијата е трајна?

После ласерската корекција, постои зголемена сувост на окото минимум 6 недели и затоа треба да се користат вештачки солзи. Според најновите студии, утврдено е дека 6 недели по интервенцијата има комплетно заздравување на окото и 99% од пациентите немаат никакви симптоми. Малку посилни симптоми на суво око, кои може да траат подолго од 6 недели, има кај луѓе кои носеле подолго време контактни леќи (особено меки). Причината за продолжена сувост на окото кај таквите лица е примарното нарушување на клетките на мукозната мембрана на окото предизвикано од контактните леќи. Кога носите контактни леќи (особено меки), леќите се потпираат на мукозната мембрана на окото и се јавува триење на клетките низ леќата заради движење и трепкање на очите. Затоа, исклучително е важно за оние кои носат леќи, да капат вештачки солзи над леќите за барем делумно да ги ублажат штетите по овие клетки и да ја намалат сувоста на окото (леќите апсорбираат солзи за да ја одржат влажноста). Прекумерно суво око е главна причина да престанете да носите контактни леќи. Ако симптомите се многу изразени, сувото око треба да се третира пред ласерската корекција.

Колку чини ласерската корекција на диоптрија?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Старосна диоптрија

Што означува старосната диоптрија (далековидост)?

Пресбиопија или старечка далековидост е дел од природниот процес на стареење на окото. Најчесто почнува да се јавува кај лица во раните четириесетти години. Се јавува поради намалување на функцијата на очните мускули што ја „виткаат“ природната леќа (леќата има облик на диск кога гледаме на далечина, а личи на кугла кога гледаме на близина). Исто така, со текот на годините се случуваат и промени во структурата на леќата и таа ја губи еластичноста што ја имала во младоста.

Процесот на слабеење на акомодацијата (можноста да се избиструва сликата на близина) завршува приближно во шеесеттите години и тогаш на лицата што гледаат добро на далечина им треба диоптрија +3,00 за читање.

Постојат повеќе можности за корекција на старечката далековидост. Едната можност е носење очила или контактни леќи. Денес, сè поголем е бројот на пациентите што се одлучуваат на оперативна корекција на старечка далековидост со имплантација на мултифокални интраокуларни леќи. Станува збор за оперативен процес при кој природната леќа од окото се заменува со вештачка леќа што овозможува одличен вид на различни далечини. Ослободувањето од очилата за гледање значително го подобрува квалитетот на животот.

Можам ли да вежбам после имплантација на интраокуларни леќи?

По операцијата две до три недели, можете да започнете со лесни вежби како што се трака за трчање, возење на статичен велосипед, но сепак, треба да се внимава потта да не ви влезе во очите. По еден месец можете да пливате во море или базен. Потешко физичко вежбање, како што е теретана или контактни спортови можете да започнете еден месец по операцијата.

Можам ли да летам со авион после операцијата?

Со авион може да летате ден по операцијата. Ова правило важи за сите операции, освен во случај на посложените операции на задниот сегмент на окото.

Колку време ми е затворено окото по операцијата?

По операцијата на катаракта, окото обично се затвора додека не се вратите дома, ако се извршат операции на двете очи, тогаш се става заштитна леќа на окото и окото не е затворено.

Колку чини операцијата на имплантација на мултифокални интраокуларни леќи?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Катаракта (перде)

Дали катарактата се оперира ласерски?

Не, катарактата не се оперира ласерски.

Може ли да се оперира катаракта без да се имплантира леќа?

Кога ќе се изврши операција на катаракта, неопходна е имплантација на леќа. Заматената леќа на окото се заменува со таква што овозможува да се гледа одлично, како да сте немале диоптрија. Се имплантира нова, бистра леќа.

Можам ли да вежбам после операција на катаракта?

По интервенцијата две до три недели, можете да започнете со лесни вежби како што се трака за трчање, возење на статичен велосипед, но сепак, треба да се внимава потта да не ви влезе во очите. По еден месец можете да пливате во море или базен. Потешко физичко вежбање, како што е теретана или контактни спортови можете да започнете еден месец по интервенцијата.

Колку време ми е затворено окото по операцијата?

По операцијата на катаракта, окото обично се затвора додека не се вратите дома, ако се извршат операции на двете очи, тогаш се става заштитна леќа на окото и окото не е затворено.

Дали може да се прегледам и оперирам во ист ден?

Кај нас можете да го направите прегледот и интервенцијата во ист ден. Операцијата на катаракта е безболна, брза, сигурна и ефективна после која си заминувате дома. Благодарение на врвната технологија, знаењето и искуството на нашите хирурзи, катарактата може да се реши за само 3 часа од кога ќе дојдете во клиниката.

Колку чини операцијата на катаракта?

Цената зависи од начинот на живот, вашата состојба и квалитетот на вид кој сакате да го постигнете. Пред операција мора да го направите предоперативниот преглед за катаракта.

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Дали операцијата на катаракта ја покрива ФЗОРСМ?

Да, оваа операција ја покрива Фондот. Повеќе детали на: https://sistinaoftalmologija.mk/sorabotka-so-fzo/

Дијабетес и ретина

Зошто пациентите со високи диоптрии треба да направат ретинолошки преглед?

Високите диоптрии значат дека окото е поголемо и внатрешните структури на окото се оптегнати. Ризикот од промени во мрежницата, според тоа, е поголем (макуларна дегенерација, миомски макуларни промени, ризик од аблација) и затоа се препорачува да се изврши ретинолошки преглед кај високи диоптрии.

Зошто се прави ОЦТ кај ретинолошкиот преглед?

OЦТ е ласерско-слоевито снимање на мрежницата и оптичкиот нерв и им дава на ретинолозите (офталмолози кои се занимаваат со позадината на окото) јасна слика за состојбата на позадината на окото и можните промени.

Дали правите испитување ФФА?

Да, се врши фундус флуоресцинска ангиографија кај нас. Претставува медицинска процедура во која флуоресцентна боја се инјектира во крвотокот. Бојата ги нагласува крвните садови во задниот дел на окото за да можат да бидат фотографирани, т.е. нивниот проток на крв. Претходно офталмолог мора да процени дали треба да ја направите и да ви го објасни Протоколот за изведување на истата. Се користи за дијагностицирање нарушувања на очите, како што се макуларна дегенерација или дијабетична ретинопатија.

Какви резултати да се очекува по Анти-ВЕГФ терапија?

Резултатите од Анти-ВЕГФ терапијата се разликуваат во зависност од тоа која терапија се дава и каква е болеста. Во секој случај, целта е да се запре слабеењето на видот.

Како се лекува Ретинитис Пигментоза?

Ретинитис Пигментоза е генетска болест на ретинатаа каде пропаѓаат клетките кои се одговорни за добар вид. Со цел да се овозможи подобар квалитет на живот, се третира ретинитис пигментоза со витамин А.

Лице со дијабетес сум и на колку време треба да правам прегледи?

Секое лице со дијабет мора да прави редовна контрола на очите барем еднаш годишно. Задолжително прегледот мора да се состои од ширење на зеници и увид во очната позадина, а не само проверка на видот затоа што промените може да се веќе настанати иако не забежелувате слабеење на видот.

Дали е болна операцијата на витректомија (аблација на ретина)?

Операцијата се прави со локална анестезија со седитација. Оваа операција е комплетно безболна. Таа трае во просек околу еден час, после која пациентот може да оди дома уште истиот ден.

Дали оваа операција ја покрива ФЗОРСМ?

Да, оваа операција ја покрива Фондот. Повеќе детали на: https://sistinaoftalmologija.mk/sorabotka-so-fzo/

Кератоконус на рожница

Каков е прегледот за кератоконус на рожница и колку чини?

Преглед за кератоконус е детален офталмолошки преглед. Се прават повеќе испитувања како: рефракција (компјутерско одредување на диоптрија), одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на преден и заден сегмент (очно дно), анализа на рожница со Пентакам. Во истиот е вклучено разговор со доктор за вашата дијагноза, совет за понатамошен третман и извештај. Прегледот поради својата деталност трае околу 2 часа и после истот ќе гледате заматено 2-3 часа. Прегледот чини 4100 денари.

Како се лекува кератоконус?

Лекувањето благи и умерени случаи на кератоконус се состои од носење очила и полутврди или тврди контактни леќи и редовно следење на прогресот на болеста. За прогресивните облици на болеста се препорачува методот crosslinking. Крослинкинг метод (corneal collagen cross-linking или CXL) е интервенција на окото, која се врши со цел да се сопре или да се забави понатамошната прогресија на болеста. Кај младите под 30 години се врши веднаш.

Колку чини оваа интервенција?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Дали кај вас се прави трансплатација на рожница?

Првенствено треба да се дојде на преглед, за да се констатира состојбата. Поради нашето партнерство со “Свјетлост“ – Загреб, нашите пациенти го добиваат овој начин третман, доколку е навистина потребен.

Деца и страбизам

Зошто кај децата се прави скијаскопија и дали таа е потребна за преглед?

Скијаскопијата е блокада на мускулите за да се утврди точната диоптрија на детето. Факт е дека акомодацијата кај детето е многу висока, а скијаскопијата е неопходна.

Која е долната граница за првиот преглед кај детето?

Не постои старосна граница за преглед кај дете. Ако родителот забележи промени, никогаш не е рано за детски офталмолошки преглед.

Мора ли детето да знае да чита за да се прегледа?

Детето не мора да знае да чита. За децата од предучилишна возраст се користат слики што се направени според истите прописи како букви за возрасни.

Колку години треба да има детето за да може да направи сондажа на солзни канали?

Кај 95% од децата, до првата година се отвораат солзните канали со масажа. Во текот на 2-та година од животот ако солзните канали не се отворат, потребно е да се се изврши сондажа.

Колку чини операцијата сондажа на солзни канали?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Може ли да се оперира нистагмус (треперење на очи)?

Нистагмус во принцип не може да се излечи, но за луѓе кои што имаат минус позиција (нулта зона), операцијата може да помогне.

Дали оперирате страбизам и каква е операцијата?

Во случај кога операцијата е најдобро решение, по прецизни предоперативни испитувања се врши зафат на мусклулите кои го движат окото. Операцијата на страбизам се врши под општа анестезија и трае во зависност од сложеноста на зафатот, од половина час до час и половина. Целта на операцијаата е да го доведе окото во посакувана положба, а во случај на парализа, на очниот мускул му се враќа подвижноста. За да се постигне посакуваната положба на окото, потребно е с операција да се ослабне или појача дејството на мускулот.

Може ли страбизам да се оперира повеќе пати?

Страбизмот може да се оперира повеќе пати.

Колку чини операција страбизам?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Ако имам страбизам, може ли да направам ласерска корекција на диоптрија?

Да, но претходно мора да направите детален преглед.

Дали правите операција на катаракта на деца (вродена катаракта)?

Да, се врши оваа операција кај нас. За време на операцијата се прави засек од само неколку милиметри и со помош на ултразвук се отстранува заматената леќа, а на нејзино место, со помош на мал засек, се става вештачка леќа. Вештачката леќа се наоѓа на истото место на кое била и природната, така што не може да се види дека е во окото и трае цел живот. Постоперативниот третман ќе ви го објасни вашиот офталмолог.

Третман на глауком

Ако имам висок очен притисок, дали тоа значи дека имам глауком?

Не. Сепак, наш совет е да направите детален преглед.

Може ли глауком да се излечи со операција?

Глаукомот не може да се излечи со операција, но може да се држи под контрола и да ја забави прогресијата на болеста. Пациентот продолжува со редовна терапија со капки, дури и по операцијата.

Колку чини операцијата за глауком?

Подетално за цените може да погледнете на нашиот Ценовник.

Може ли да имам глауком, а без притоа да имам покачен очен притисок?

Да, можете. Затоа, ви препорачуваме да дојдете на преглед за глауком.

За што служи испитувањето видно поле?

Дијагностичкото испитување видно поле служи за да се утврди индиректното функционирање на оптичкиот нерв и ретината (мрежницата). Ја проверуваме функцијата на ретината и оптичкиот нерв за да видиме дали има некое оштетување.

Пластична хирургија

Дали правите корекција на птоза?

Да, се прави оваа интервенција кај нас. Интервенцијата за корекција на птоза се изведува под локална анестезија, така што пациентот си оди дома истиот ден и следува многу брзо закрепнување. Иако процедурата кај децата е иста, потребно е да се направи под општа анестезија.

Дали правите естетска хирургија на очните капаци, т.е. кога имам вишок кожа и сакам да ја отстранам?

Да, најчестата хируршка интервенција на капаците, која им ги враќа свежината и младешкиот изглед, се нарекува блефаропластика. Со оперативен зафат под локална анестезија се отстранува вишокот кожа, масното ткиво и растегнатите мускулни нишки на очните капаци. Засек се прави во природните набори на капакот или под трепките и се затвора со конци што се отстрануваат за седум дена, со брзо закрепнување и речиси невидлива лузна.

Доколку имате дополнителни прашања кои ве интересираат или ви се потребни дополнителни информации, може да нѐ исконтактирате на нашите телефонски броеви:

  • Скопје: + 389 2 3097 000;
  • Битола: +389 47 226 900;
  • Гостивар: +389 42 210 800;
  • Тетово: +389 44 357 111.

или електронски на: contact@sistinaoftalmologija.mk