Прекрасно е чувството повторно да се види светот во една јасна кристална слика – без заматен вид, а притоа на себе да немаш ниту очила ниту контактни леќи.
Моралната поддршка која ја имав од тимот на ‘Систина Офталмологија’ и моето семејство особено ми значеше. Ова претставува неверојатно искуство за мене, беше апсолутно безболно и одлично функционира.
Донка Типовска Настова ни доаѓа од Тетово. Таа e една од добитничките на бесплатен преглед за ласерска корекција на диоптрија, на кој се утврди дека не е кандидат за ласерска корекција на диоптрија туку за вградување на факични леќи. На 29-ти јуни, како што и самата вели, ја разбуди другата во себе 😊
Со факични леќи се корегира висока диоптрија која не може да се корегира со ласерска корекција на диоптрија. Таков беше случајот со Зоран Јанчев чија диоптрија беше -9.75 и -7.50.