Kупувањето очила ми претставуваше трошок кој кога го споредив со цената на ласерската корекција на диоптрија излегуваше неколкукратно поголем. Пресудно да се решам беше едно видео за ласерска корекција на видот направена во Систина Офталмологија.
Здравка Мирчевска, добитник на дарувањето за бесплатна ласерска корекција на диоптрија, го раскажува своето искуство во Систина Офталмологија.
Димитрула Јорданова, по 65 години, имплантира мултифокални леќи и како што вели таа, живее втор живот на 65 години.
Ледејна Алиу (22), од Бујановац, ја направи својата ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија.
Дефинитивно се беше коректно од страна на вработените, се почитуваше секоја мерка. Дури и самата интервенција ја правев во период на пандемија, која што заврши секако безбедно.
По препораките од својата сестра, која пред 1 година направила имплантаицја на мултифокални леќи во Систина Офталмологија, Даниела одлучила да дојде кај д-р Билјана Костовска и да ја отстрани диоптријата со вградување на мултифокални леќи.
„Бев зависна од очила и контакни леќи. Чувството на хендикеп и неможност да се функционира без очни помагала беше првиот чекор кон размислување за ласерска корекција на диоптрија.“
Ги разгледував и другите опции кои нудеа ласерска корекција на диоптрија, но за Систина Офталмологија се одлучив поради многубројните добри препораки и задоволни пациенти.
На денот на интервенцијата повторно ми беа направени испитувања, операцијата траеше кратко, кога се исправив јас веќе гледав и тоа беше најемотивниот и најсреќниот ден во мојот живот.
Андриќ Маријана (49) направи корекција на диоптрија со вградување на мултифокални леќи во Систина Офталмологија. Пред 6 години започнува нејзиниот проблем со диоптријата, познато како старосна диоптрија.