„Навистина сум изненаден од брзиот и ефикасен резултат…процедурата траеше многу кратко, неколку минути, за цело време бев во комуникација со докторите, дури и муабетот што го почнавме не успеавме да го довршиме бидејќи интервенцијата заврши. Не можев да се пофалам со видот кој го поседував пред операцијата….беше до толку лош што едвај го здогледував слонот во зоолошката градина. Имав еден куп очила и губев време додека ги најдам вистинските. А сега, ете така за помалце од 10 минути, работите драстично се сменија. Нема да кажам дека видот ми е одличен, за да не се урочам. Искуството во болницата беше подобро отколку во сауна, заради прекрасниот тим на доктори во Систина офталмологија.”

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00

Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.

3.100,00

Контролен постоперативен преглед

Преглед три месеци по ласерска корекција на диоптрија.

1.150,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

39.980,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

31.000,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.