Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19

Повеќе

Очите и онлајн наставата: како да го заштитите видот?

Ситуацијата со коронавирусот доведе до големи дигитални предизвици, седењето дома  воведе нов начин на организација на денот меѓу кои и зголемени активности пред електронските уреди, онлајн учењето како и комуникацијата меѓу младата популација. 

Во принцип, децата и студентите не се имуни на појавата на уморни, суви очи додека се фокусираат на компјутерските уреди подолго време. Оваа непријатност доведе до тоа родителите почесто да се консултираат со офталмолозите, барајќи како да им олеснат на своите најмили.

За да ви помогнеме, подготвивме водич како да го спречите ваквото дигитално оптеретување на очите.

Причини кои доведуваат до замор на очите, главоболки, заматен вид, сушење и иритација на очите се:

  • Намалено трепкање додека се користат дигиталните уреди;
  • Фокусирање на исто растојание подолго време;
  • Непрекинато или продолжено читање, пишување или друго работење на близина.

Препорака од офталмолозите за намалување на ваквите проблеми,  на секои 20 минути, да се прават 20 секунди пауза од користењето на електронски уред. Иако звучи едноставно, сепак има неколку насоки полесно да се следи ова витално правило 20-20?

  • Поставете тајмер, за да го потсетувате вашето дете да паузира на секои 20 минути;
  • Некогаш заменете ја електронската книга со вистинска;
  • Охрабрете ги децата да гледаат нагоре или надвор од прозорецот на секои две поглавја или едноставно, да ги затворат очите 20 секунди;
  • Обележувајте им ги книгите по неколку поглавја, така што кога ќе ги завршат да погледнат нагоре. Истото може да го направите и со електронските книги со опцијата “bookmark” (обележувач).

Покрај одмарањето, во услови на онлајн учење добро е да се направи „домашна училница“, затоа што аглите, поставеноста и начинот на седење исто така играат голема улога за намалување на оптеретувањето на очитe.

Еве неколку препораки како да го подобрите местото на учење, работа или игра:

  • Учениците да гледаат во дигиталните уреди во далечина колку што е должина на раката, односно на оддалеченост околу 45 – 60 цм од местото на седење. Идеално би било доколку поставеноста на мониторот е на исто ниво со очите. Таблетите исто така треба да се држат во далечина колку што е должината на раката;
  • За да го намалите отсјајот, поставете го светлото зад грбот, а не зад екранот на компјутерот;
  • Прилагодете ја светлината и контрастот на екранот за да им биде комфорно;
  • Да не го користат уредот надвор или во осветлени области, отсјајот на екранот може да предизвика замор на очите;
  • Избегнувајте користење на уредот во темна просторија. Како што зеницата се проширува за да се акомодира на темнината, светлината на екранот може да ја влоши сликата и да предизвика чувство на непријатност;
  • Да не го користат уредот 30 – 60 минути пред спиење. Сината светлина може да им го наруши сонот. Друго решение за да ја намалите изложеноста на сината светлина е да преминете на “dark mode” (темен режим) или некој сличен таков.

Студиите покажуваат дека зголемената употреба на овие дигиталните уреди или пак зголемената работа на близу без одмор доведуваат на т.н. епидемија на кратковидост кај учениците и студентите.

Сепак, офталмолозите препорачуваат родителите  да поминуваат што е можно повеќе време со децата надвор на отворено колку што се во можност имајќи ја предвид тековнaта состојба. Секако, корисно е и да се занимаваат со одредена спортска активност, за подобра функционалност на телото, чувството на исполнетост и дистракција од електронските уреди. Специјално за вас „Систина Офталмологија“ ви стои на располагање со тимот на офталмолози преку опцијата „Онлајн консултација со очен доктор“. Доколку имате било какви прашања во однос на терапија, насоки или дилеми кои што ги имате околу здравјето на очите на вашите деца и ефектот кој го предизвикуваат електронските уреди, може да се консултирате преку видео разговор со специјалист офталмолог.


Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.
1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.


Информации за тековно работење и мерки за заштита во услови на Ковид-19

РАБОТНО ВРЕМЕ
  • Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
  • Закажување на термин на:
    • Скопје: + 389 2 3097 000;
    • Битола: +389 47 226 900;
    • Гостивар: +389 42 210 800;
    • Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
  • Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
  • Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
ПОСЕТА НА БОЛНИЦА
  • Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
  • Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
ONLINE ДОКТОР
  • Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом  да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.